Витамин Д е важен за здравјето на коските, но и за целокупното здравје!

Вообичено, улогата на витамин Д се поврзува со здравјето на коските и коскениот метаболизам. Сепак, улогата на Витамин Д е многу поширока, бидејќи тој учествува во многу сложени процеси во човечкото тело.

 

ЗОШТО Е ВАЖЕН ВИТАМИН Д?

 

ЗА ЗДРАВИ И ЈАКИ КОСКИ

Една од најважните улоги на витаминот Д е одржување на серумската концентрација на калциум и фосфор, преку нивна правилна апсорпција/искористување. Со ова се обезбедува нормална минерализација на коските, и раст и развој на коскеното ткиво. Недостатокот на витамин Д го менува метаболизмот на овие минерали, што предизвикува ниска минерална густина на коските и го зголемува ризикот од губитокот на коскена маса или скршеници.

ЗА ОДРЖУВАЊЕ МУСКУЛНАТА СИЛА

Слабоста на мускулите може да биде уште еден несакан ефект на ниско ниво на витамин Д, особено кај постари лица. Витамин Д значително ги подобрува перформансите на мускулите и го забрзува процесот на заздравување при разни мускулни повреди.

ЈА ПОДОБРУВА ФУНКЦИЈАТА НА МОЗОКОТ

Недостатокот на витамин Д може да го зголеми ризикот од развој на деменција, а влијае на лачењето и количината на хормонот серотонин (хормон на среќа), поврзан со расположението кај луѓето.

ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

Витаминот Д ја подобрува функцијата на срцето, а неговиот недостаток се поврзува со појавата на одредени срцеви заболувања.

ЗА НОРМАЛНА ФУНКЦИЈА НА ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

Рецепторите за витамин Д се присутни во повеќето клетки во нашето тело, вклучувајќи ги и клетките на природниот имунолошки систем и овозможува нивнo нормално функционирање. 

АВТОИМУНИ БОЛЕСТИ

Многубројни светски истражувања кои ја потврдуваат врската помеѓу недостатокот на витамин Д и разни автоимуни болести како што се мултипла склероза, астма, Chron-ова болест и улцеративен колит.

 

ИЗВОРИ НА ВИТАМИН Д

 

Начинот на кој организмот ја добива потребната количина на овој витамин е преку изложување на сончева светлина, преку храна и со дополнителен внес (суплементи) на Витамин Д.

 

Сонцето е главен извор на витамин Д!

Последните истражувања покажуваат дека околу 1 милијарда луѓе или 15% од светското население страда од дефицит на витамин Д. Како главна причина за појавата на оваа состојба се смета недоволната изложеност на сонце (УВ светлина).

Кога ултравиолетовата (УВ) светлина од сонцето продира во човечката кожа, предизвикува хемиска реакција која генерира витамин Д. Во летниот период потребни ни се само 10 тина минути  изложеност на сонце за да се задоволат дневните потреби. Зимно време периодот на изложеност е подолг, околку 2 часа.

Лицата со потемна кожа исто така ќе генерираат витамин Д од изложување на сонце, но не толку ефикасно, поради тоа што потемната кожа содржи повеќе УВ-блокирачки меланин. Ова е главната причина зошто недостатокот на витамин Д може да биде позастапен кај луѓето со потемен тен. Луѓето, исто така, губат дел од својата способност да произведуваат витамин Д од сонцето кога стареат, ставајќи ги повозрасните луѓе во група која има поголем ризик да развие недостаток на Витамин Д.

 

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Д

- Рибино масло и масни риби (лосос, туна, сардина, харинга, скуша, пастрмка и др. масни риби)
- Млеко и млечни произиводи (путер, павлака, кашкавал, сирење, јогурт и сл.)
- Жолчка од јајце
- Црн дроб
- Печурки (шитаке, шампињони, лисичарка)

 

Свесни за улогата на витаминот Д во нашиот организам и важноста во многубројните процеси, од особена значајност се редовните контроли на нивото на витаминот Д.

Во Авицена Лабораторија се изработуваат најсовремени тестови на производителот Siemens Healthineers, по сертифицирана процедура согласно програмата за стандардизација на Вит.Д тестирање на CDC (Center for Disease Control, САД), за брзо и прецизно одредување на нивото на витаминот Д.

Проверката на витаминот Д заедно со анализите јонизиран калциум (Ca++) и паратироиден хормон (PTH) дава јасен увид во случувањето во организмот и метаболизмот на витамин Д.