Најчесто поставувани прашања во врска со BabyTest Plus/Advanced

ШТО ОТКРИВА BABYTEST PLUS/ADVANCED?

BabyTest Plus/Advanced тестот е неинвазивен пренатален тест за детекција на најчестите хромозомски нарушувања кај плодот кои не можат да се детектираат со вообичаените рутински тестови и прегледи.

Овој тест врши анализа на ДНК од плодот, која циркулира за време на бременоста во крвта на мајката, и со помош на новите технологии оваа ДНК се секвенционира и детално се анализира за можни хромозомски нарушувања кај плодот.

Тестот е комплетен и ги анализира сите 24 хромозоми од човечкиот кариотип, со висока прецизност на издадените резултати од над 99.9%, покрај останатите ги детектира и трисомиите на хромозомите 16 и 22 најчесто поврзани со спонтани абортуси, го одредува полот на бебето, а постои и можност за тестирање на близначка бременост. 

КОИ ХРОМОЗОМСКИ НАРУШУВАЊА СЕ ДЕТЕКТИРААТ СО BABYTEST PLUS/ADVANCED?

–        Трисомија 21, поврзана со Даунов синдром.

–        Трисомија 18, поврзана со Едвардсов синдром

–        Трисомија 13, поврзана со Патау синдром

–        Трисомии за хромозомите 16 и 22, најчесто поврзани со спонтани абортуси, како и други поретки типови на анеуплоидии, како оние на хромозомите 9 и 15

–        Анеуплоидии на половите хромозоми:

       Тарнеров синдром (присуство на само еден X хромозом)

       Клинефелтеров синдром (XXY) 

       Троен Х синдром

       Полисомија X

      BabyTest Advanced, проширената верзија на BabyTest, дополнително идентификува 10 микроделеции поврзани со познати генетски синдроми:

–        Angelman Syndrome

–        Prader-Willi Syndrome

–        1p36 deletion

–        Cri-du-chat Syndrome

–        Wolf-Hirschhorn

–        Jacobsen Syndrome

–        Langer-Giedion Syndrome

–        DiGeorge II Syndrome

–        Phelan-McDermid Syndrome

–        16p11.2-p12.2 deletion

КОГА ДА ГО НАПРАВАМ ТЕСТОТ?

BabyTest Plus/Advanced тестот се прави после 10-тата недела од бременоста.

КАКОВ ПРИМЕРОК Е ПОТРЕБЕН ЗА BABYTEST PLUS/ADVANCED И ДАЛИ ПОСТОИ РИЗИК ЗА МЕНЕ И МОЕТО ДЕТЕ?

За BabyTest Plus/Advanced потребен е едноставен примерок од венска крв како и за секоја друга рутинска анализа, при што со овој начин, тестот нема никаков ризик врз мајката и врз плодот.

ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ИЗДАВААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД BABYTEST PLUS/ADVANCED?

Резултатите заедно со целосниот медицински извештај се издаваат за 6-7 работни денови.

ШТО ЗНАЧАТ РЕЗУЛАТИТЕ ДОБИЕНИ ОД BABYTEST PLUS/ADVANCED?

Низок ризик ↓

Многу мала веројатност за фетални хромозомски нарушувања во било кој од анализираните хромозоми.

Висок ризик ↑

Висока веројатност за фетални хромозомски нарушувања во индицираните хромозоми

КОЈА Е ЦЕНАТА НА BABYTEST PLUS/ADVANCED?

BabyTest Plus: 33.200,00 ден

BabyTest Advanced: 36.900,00 ден

Tестовите BabyTest Plus/Advanced може да се платат на 3, 6, 9 и 12 рати без камата.

КАДЕ МОЖАМ ДА ГО НАПРАВАМ ТЕСТОТ?

Тестот е достапен единствено во Авицена Лабораторија на сите три локации:

–        Лабораторија 1, населба Тафталиџе – Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје

–        Лабораторија 2, населба Аеродром – Бул. Јане Сандански бр. 48,  1000 Скопје

–        Лабораторија 3, Тетово – ул. Благоја Тоска бр.222,  1200 Тетово

ДАЛИ Е МИ Е ПОТРЕБЕН ПРЕТХОДНО ЗАКАЖАН ТЕРМИН ЗА BABYTEST PLUS/ADVANCED?

За да го направите BabyTest Plus/Advanced НЕ Е ПОТРЕБЕН претходно закажан термин. Примероци за овој тест се земаат во текот на целото работно време на нашите лаборатории.

ДАЛИ Е ПОТРЕБНА ПРЕТХОДНА ПОДГОТОВКА ПРЕД ДА СЕ НАПРАВИ ОВОЈ ТЕСТ?

За да го направите BabyTest Plus/Advanced не е потребна претходна подготовка пред земање на примерок во лабораторија.