fbpx

Оглас – Оператор во контакт центар

Станете дел од нашиот тим

Оператор во контакт центар – одговорен за обезбедување услуги на пациенти и нивна техничка поддршка преку телефон и/или е-маил адреса.

 

Што бараме:

  • Одлични комуникациски вештини, јасност и флуентност во говорење
  • Позитивен став и желба за учење
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
  • Познавање на англиски јазик

 

Твоите задачи:

  • Одговарање на дојдовни телефонски повици и е-пошта од корисниците на услуги во лабораториите;
  • Информирање и советување на корисниците на услуги во лабораториите;
  • Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци;
  • Претставување на брендот со љубезност и самодоверба.

 

Те очекува:

  • Модерна и мотивирачка работна средина;
  • Менторска поддршка и обука, стекнување информираност и широк поглед за лабораториската дејност;
  • Можност за раст и напредување;
  • Тим со енергија, тимски активности поддржани од компанијата.

 

Работно време од 40 часа неделно, распределено во 2 смени – од понеделник до петок, како и повремено сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.

Доколку сакаш твојата кариера да започне или расте во сигурна и современа работна средина и имаш желба да се развиваш во здравствената индустрија низ примена на комуникативни вештини, аплицирај и стани дел од нашиот тим.

Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас – Оператор во контакт центар или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 09.07.2025 година до 17.07.2025 година.

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.