fbpx

СЕЗОНА НА РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ – Симптоми, преносливост и лабораториска детекција

Респираторните инфекции се најчестата причина заради која пациентите се јавуваат кај својот матичен лекар. Иако овие инфекции, се јавуваат во текот на целата година, есенско-зимскиот период е сезона кога настинките и посериозните респираторни заболувања се најчести.  

Живееме во време на пандемија со COVID-19, но многу други причинители на заболувања се секаде околу нас и можат да предизвикаат респираторни инфекции и кај возрасните и кај децата.

За соодветен третман на болеста, секогаш е многу важно да се знае вистинскиот причинител на заболувањето, со цел да се делува навремено и насочено со соодветна терапија. Посебно внимание треба да се даде на атипичните предивикувачи на респираторни инфекции, кои не можат да се докажат со класичните микробиолошки методи, туку со техники на имунофлуоресценција и/или молекуларни методи.

Авицена Лабораторија поседува голем асортиман на тестови за детекција и идентификација на различни видови на бактерии и вируси по пат на најразлични методи. Но, најпрво да видиме кои се првите знаци на респираторните инфекции?

КОИ СЕ СИМПТОМИ НА РЕСПИРАТОРНИТЕ ИНФЕКЦИИ?

Според тоа кој дел од дишното стебло го зафаќаат, респираторните инфекции може да бидат горнореспираторни или долнореспираторни инфекции.

Вообичаените симптоми вклучуваат:

  • секрет од носот
  • затнат нос
  • кивање
  • кашлање
  • гребење, печење или болка во грлото
  • болка при голтање
  • општа слабост
  •  главоболка
  •  тешкотии при дишењето

Дополнително можат да се јават и болки во мускулите, лесно покачена или висока температура, мачнина и губење на апетитот. Овие симптоми траат неколку дена, а доколку се јават компликации, и подолго.

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ РЕСПИРАТОРНИТЕ ИНФЕКЦИИ?

Респираторните инфекции се пренесуваат преку близок контакт со заболено лице, преку секретот од кивање, кашлање или предметите во непосредната околина на болниот. Ова е особено истакнато во зимскиот период, кога најголем дел од денот се престојува во затворени простории.

Во многу случаи  тешко е да се препознае и идентификува точниот предизвикувач на една респираторна инфекција,  особено кога се работи за мешани инфекции. Освен тоа, симптомите на респираторните инфекции, било да се работи за вирусот на грип, SARS-CoV-2 или друг причинител се многу слични.

КОИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ ВРШАТ ДЕТЕКЦИЈА НА ПРИЧИНИТЕЛИ НА РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ?

Причинители на респираторни инфекции се многу микроорганизми: бактерии, вируси, габички. Дијагнозата секогаш треба да се темели на детален преглед од страна на лекар и секако, точен лабораториски резултат.

Во Авицена Лабораторија се достапни голем број високосензитивни и специфични тестови, наменети за детекција на голем број  причинители на респираторни  инфекц

1.Kласични микробиолошки анализи за детекција на бактерии и габички (брис од грло, брис од нос, микробиолошка анализа на искашлок и др.)

2. Брз тестови за детекција на Influenza A&B

3. Молекуларен PCR тест за COVID-19 ( RT-PCR тест за SARS-CoV-2)

5. PNEUMOSLIDE – тест за истовремена детекција за антитела кон 9 бактерии и вируси, причинители на респираторни инфекции, кои не се детектираат со класичните микробиолошки брисеви. Тестот се работи преку крв, а резултатои се добиваат истиот ден.

6. Молекуларен панел за респираторни инфекци

Високоспецифичен тест со кој одеднаш се детектираат 26 причинители на респираторни инфекции, со резултат во рок од 24 часа.

Овој тест е базиран на високосензитивна молекуларна Real-Time PCR метода, која е супериорна во однос на другите методи и техники, а ги отстранува сите дилеми и сомнежи со само еден тест!

•             Tестот може да се изработи веднаш, уште при појава на првите симптоми

•             Погоден и за деца и за возрасни

•             Aнтибиотската или било која друга терапија не влијаат на резултатот

7. Молекуларен панел за респираторни инфекции

Високоспецифичен тест со кој одеднаш се детектираат 40 причинители на респираторни инфекции, со резултат во рок од 48 часа.

•             Tестот може да се изработи веднаш, уште при појава на првите симптоми

•             Погоден и за деца и за возрасни

Со правилен избор на соодветен тест и консултација со лекар, точно и навремено се дознава што ја предизвикало респираторната инфекција и се дава соодветна терапија. Притоа, се спречува евентуaлен развој на компликации и не се губи драгоцено време и средства.

КАКО СЕ ЛЕКУВААТ РЕСПИРАТОРНИТЕ ИНФЕКЦИИ?

Ако се работи за вирусна инфекција, антибиотици не се потребни! Се земаат лекови кои помагаат да се намали температурата, болката во мускулите, капки за одзатнување на носот и слично, пропратено со одмор и правилна исхрана.

Доколку се работи за бактериска инфекција, се земаат лекови по препорака на лекар, насочени кон соодветниот причинител.