Këndi për fëmijë

Во рамките на Авицена Лабораторија, постои посебен дел – Детско катче наменето за децата и нивните родители.

Се состои од приемен дел, чекална и просторија наменета за земање крв и друг материјал исклучиво за деца. Со ова се овозможува децата да немаат никаков контакт со возрасните пациенти во нашата лабораторија.

Просторијата за земање материјал и Детското катче се соодветно опремени и прилагодени за потребите и интересите на децата од најразлична возраст, со што престојот во лабораторија е исполнет со забава, игра и смеа.

Авицена Лабораторија и понaтаму ќе продолжи со посебно внимание да се грижи за најмалите. Се надеваме дека на овој начин Вашите деца ќе добијат нова слика за посетата на нашата лабораторија.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

* Заради спроведување и одржување на сите превентивни и заштитни мерки за спречување на ширење нa COVID-19, следејќи ги препораките на надлежните институции, детското катче привремено не е во функција.