Зошто се важни анализите Interleukin-6 и Procalcitonin (PCT) кај пациенти со COVID-19?

Interleukin-6 (IL-6)

IL-6 е дел од големата групи молекули наречени цитокини. Цитокините имаат повеќе улоги во телото и особено дејствуваат во рамките на имунолошкиот систем и се дел од „воспалителната каскада“ што вклучува координирано и последователно активирање на патиштата на имунолошкиот одговор.

IL-6 може да се покачи при разни воспаленија (вклучувајќи и COVID-19), инфекции, автоимуни нарушувања, кардиоваскуларни болести, некои видови на карциноми и др.

IL-6 е ран индикатор за инфламаторен одговор на болест или повреда. Игра значајна улога во развојот и ескалацијата на цитокинска бура кај пациенти со COVID-19.

Постојат значителни докази и студии кои сугерираат дека тешката форма на COVID-19 пропратена со тешка пневмонија, како и други оштетувања на органите, се должи на сериозен инфламаторен одговор и синдром на цитокинска бура, предизвикан од неконтролирано производство на цитокините – особено IL-6. 

Оттука, анализата IL-6 е важен маркер што може да помогне во идентификувањето на овој интензивен инфламаторен одговор кај пациентите со COVID-19, и во следењето и прогнозата на нивната состојба. Вредностите на IL-6, секогаш мора да се интерпретираат заедно со клиничката слика на пациентот, во консултација со лекарот.

Тестот кој ја мери концентрацијата на IL-6 во крвта е достапен во Авицена Лабораторија по цена од 1000 денари.

Прокалцитонин (PCT)

Прокалцитонин е супстанца која се произведува од многу видови клетки во телото, најчесто како одговор на бактериски инфекции, но исто така и како одговор на повреда на одредено ткиво.

Нивото на прокалцитонин во крвта може значително да се зголеми кај системски бактериски инфекции и сепса.

Kaj пациенти со СOVID-19, зголемени нивоа на прокалцитонин се поврзани со потешка форма на болеста и може да имаат прогностичка улога за тежината и развојот на заболувањето. Прокалцитонинот во досегашните студии се покажал како дополнителна вредна алатка за рано идентификување на пациенти со низок/висок ризик за бактериска коинфекција.

Прокалцитонинoт е во листата на препорачани биохемиски маркери од страна на IFCC (International Federation of Clinical Chemistry) кај болни со COVID-19.

Резултатите од анализата на прокалцитонин во крвта секогаш треба да се толкуваат во склад со клиничката слика и наодите од други дијагностички методи кај пациентот.

Прокалцитонинот не треба да се користи како самостоен и единствен дијагностички маркер и секогаш се потребно да се прави во консултација со лекар.

Тестот кој ја одредува концентрацијата на прокалцитонин во крвта е достапен во Авицена Лабораторија по цена од 800 денари.