fbpx

TRAB antitrupat (TSI)

TRAB antitrupat (TSI)

цена 1850

За тестот

Автоимуните заболувања на штитната жлезда предизвикуваат оштетување на клетките на штитната жлезда како и измена на нејзината функција.

Клеточните оштетувања се манифестираат кога сензибилизирани Т-лимфоцити и/или антитела се врзуваат за клеточната мембрана и предизвикуваат лизирање на клетката и инфламаторни реакции.

Изменувањето на функцијата на клетката е предизвикано од стимулирачки или блокирачки антитела на рецепторите на клеточната мембрана.

Три типа на антитела се инволвирани во овие процеси: Тиропероксидазни антитела, Тироглобулински антитела и антитела врзувачки за ТЅН рецепторите.

Последната група (популарно наречена TRAB) е хетерогена група и ја сочинуваат три типа на антитела: Блокирачки, Стимулирачи и Неутрални.

Блокирачките – ги блокираат рецепторите за ТЅН и предизвикуваат хипотироидизам, Стимулирачките вршат постојана иако не силна стимулација на ТЅН рецепторите, при што краен исход е Базедовата болест, а Неутралните антитела – сеуште се во фаза на испистување, немаат некоја конкретна активност како стимулација или инхибиција.

Лабораториските испитувања се дефинирани за сите три групи на антитела: Анти ТПО, Анти ТГ и TRAB.

Последната група се испитува најчесто како вкупни TRAB антитела, без да се знае дали се блокирачки или стимулирачки, при што не секогаш се разјаснува дијагнозата, а со тоа и типот на третманот.

IMMULITE- системите мерат само Стимулирачки антитела од TRAB антителата (TSI) – при што е јасно насочувањето кон дијагностицирање на Базедовата болест, следствено на тоа и соодветната терапија.