fbpx

NEW! Procalcitonin

Почнувајќи од 11.01.2021 година, во Авицена лабораторија е достапна анализата прокалцитонин.

ЗНАЧЕЊЕ И УПОТРЕБА НА ПРОКАЛЦИТОНИН (PCT)

Прокалцитонин е супстанца која се произведува од многу видови клетки во телото, најчесто како одговор на бактериски инфекции, но исто така и како одговор на повреда на одредено ткиво.

Нивото на прокалцитонин во крвта може значително да се зголеми кај системски бактериски инфекции и сепса.

Заради тоа, со тестот за прокалцитонин може да се открие сепса и тешка бактериска инфекција во раната фаза и да се направи разлика помеѓу бактериска инфекција и вирусна инфекција или бактериски и други небактериски причини за знаци и симптоми кај тешко-болни лица.

Сепсата е сериозен и понекогаш опасен по живот воспалителен одговор на организмот на бактериска инфекција. Нормално, имунолошкиот систем на една личност се бори со една бактериска инфекција со ограничување на одговорот на местото каде што се наоѓа инфекцијата. Сепак, некои инфекции може да започнат на една локација од телото, а потоа да се прошират во крвта (бактериемија), а можеби и на други места. При сепса, телото произведува генерализиран воспалителен одговор на инфекцијата. Ова може да предизвика значителен пораст или пад на телесната температура, зголемен ритам на срцето и дишењето и намалување на крвниот притисок. Ако не се третира успешно, сепсата може да премине во сериозна сепса и да заврши со смртен исход.

Други состојби исто така можат да го зголемат прокалцитонинот во крвта, но обично прокалцитонинот е само благо до умерено покачен, како на пр.оштетување на ткивото како резултат на траума, хируршки зафати, панкреатит, изгореници, кардиоген шок, акутно отфрлање на трансплантиран орган, бубрежни инфекции и сл.

Тестот за прокалцитонин се користи при:

– Рана детекција на системски бактериски инфекции

– Разликување на бактериски од вирусни не-бактериски инфекции (на пример кај пневмонии, менингити и сл.). При бактериски инфекции, нивото на прокалцитонин расте. Откривање на развој на секундарна бактериска инфекција кај лице кое има вирусно заболување (пр. пневмонија) или оштетување на ткивото поради траума или операција

– Определување на ризик за влошување на состојбата кај критично болни лица

– Дијагноза на бубрежни и др.бактериски инфекции кај деца

– Следење на ефикасноста од антибиотски  третман – тестот може да се користи за да се добие насока дали треба да се започне или прекине антибиотската терапија за пациенти со инфекции на дишни патишта и дали антибиотиците се соодветни кај пациенти со сепса.

Kaj пациенти со СOVID-19, зголемени нивоа на прокалцитонин се поврзани со потешка форма на болеста и може да имаат прогностичка улога за тежината и развојот на заболувањето. Прокалцитонинот во досегашните студии се покажал како дополнителна вредна алатка за рано идентификување на пациенти со низок/висок ризик за бактериска коинфекција.

Прокалцитонинoт е во листата на препорачани биохемиски маркери од страна на IFCC (International Federation of Clinical Chemistry) кај болни со COVID-19.

Интерпретација на резултатите при прием на високоризични пациенти:

PCT > 0,2 ng/mL:  пациенти со висок ризик, веројатно е бактериска коинфекција

PCT <0,5 ng/mL:  низок ризик за бактериска коинфекција и неповолен исход

Потребно е да се следи нивото на PCT за време на болничкиот престој. Поголемиот дел од пациентите со лесна болест имаaт вредности на PCT <0,25 ng / mL или дури <0,1 ng / mL

Веројатностa за појава на бактериска инфекција и препорака за започнување антибиотици кај пациенти со долнореспираторни инфекции е при PCT > 0,25 ng / mL.

Забелешка: Нивоата на прокалцитонин (PCT) <0,5 ng / ml не исклучуваат инфекција, бидејќи локализираните инфекции (без системски знаци) исто така може да бидат поврзани со толку ниски нивоа. Ако мерењето на PCT се изврши многу рано откако започнал процесот на системска инфекција (обично < 6 часа), овие вредности може да бидат сè уште ниски.

Цена на тестот: 800.00 денари

Време на изработка: Истиот ден