fbpx

Free T4

Free T4

цена 700

За тестот:

Тест за квантитативно мерење на слободниот тироксин Т4 ( не врзан за
протеини ) во серумот, како помош во клиничката проценка на
тироидниот статус.

Tироксин (T4) е главен хормон на тироидната жлезда. Во крвотокот,
99.95% од тироксинот е врзан за транспортни протеини, особено за
тироксин – врзувачкиот глобулин ( TBG ). Остатокот не е врзан, туку е
слободен во циркулацијата и оваа неврзана фракција е метаболно
активна. За синтеза на тироксинот, потребно е присуството на јод, кој се
зема од храната.Овој хормон има многубројни функции, но најважна е
интензивирањето на метаболитичките процеси во клетките. Како тест,
се користи да се провери дали тироидната жлезда функционира
правилно. Примарно, тој се врши при сомнеж за хипертиреоидизам, а се
употребува исто така и за следење на евентуална прогресија кај
пациенти со веќе познато тироидно заболување.

Примерок:

Венска крв