Заштитата на личните податоци ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ја обезбедува за своите пациенти, соработници, вработените и сите други субјекти (физички лица на кои се однесуваат обработените податоци), чии лични податоци по било кој основ (согласност, договор и др.) на било кој начин се обработуваат во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА.
Одредени изрази кои се употребени во оваа Политика, а се поврзани со заштитата на личните податоци, го имаат истото значење како изразите кои се пропишани со Законот за
заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).
Личните податоци во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА се обработуваат исклучиво во согласност со моментално важечките законски и подзаконски прописи од областа на
заштитата на личните податоци, како и законската и подзаконската регулатива од областа на здравствената заштита и уредување на работата на здравствените установи.
Заштитата на личните податоци се гарантира на секое физичко лице без дискриминација заснована врз неговата националност, раса, боја на кожата, верски уверувања, етничка припадност, пол, јазик, политички или други верувања, материјална положба, потекло по раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој, сексуална определба или кои било други лични карактеристики.
Личните податоци се собираат, употребуваат и чуваат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. Личните податоци на субјектите се чуваат во форма што овозможува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка.
ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА обезбедува целосна доверливост, интегритет и заштита на личните податоци на субјектите. Нашата Лабораторија ги превзема сите нужни организациски, административно, технички и физички мерки за заштита на личните податоци кои се обработуваат и истите во секое време ги штити од случајно или незаконско уништување, губење, преправање, неовластено откривање или пристап како и од било какви незаконски облици на обработка.
Личните податоци кои ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ги прибира ќе бидат соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.
Сите вработени во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА се должни во согласност со законската и подзаконската регулатива, како и со внатрешните акти, да се грижат за
заштитата на личните податоци. Вработените во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА се должни да го пријават секој случај на повреда на заштитата на личните податоци до непосредните раководители.
АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА нема да ги направи достапни личните податоци кои се обработуваат пред трета страна, освен во случај каде што тоа е законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи по судски барања/наредби или барања/наредби од страна на други овластени со закон државни органи и институции или Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Секој субјект на лични податоци има право да поднесе Барање за пристап и исправка на своите лични податоци кои ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ги обработува.
Личните податоци кои се прибираат преку web страната www.avicenalab.com.mk, ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ги обработува во согласност со одредбите утврдени погоре во оваа политика.
За било какви прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци, субјектите се овластени во секое време да не контактираат на lab@avicenalab.com.mk
Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат соодветно инкорпорирани во овој документ и објавени на видно место за сите субјекти.
Почитувани пациенти, по пат на оваа Изјава за заштита на правата на пациентите (во понтамошниот текст “Изјава”), Приватната здравствена установа – дијагностичка лабораторија АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје, со седиште на ул.“8-ми Септември“ број 2 Скопје, Карпош, со ЕМБС 6049028 Ви доставува информации во врска со начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци и правата кои ги имате врз основа на Законот за заштита на личните податоци.
- Начин на собирање, цели и правен основ за обработка на личните податоци
Со цел да ги извршиме лабораториските анализи кои Ви се потребни, можете да се обратите во АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА на некој од нашите пултови врз основа на приложен упат за вршење лабораториски анализи на товар на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (во понатамошниот текст: ФЗОМ), упат за вршење лабораториски анализи кои не се на товар на ФЗОМ или врз основа на Барање за изработка на анализи потпишано од пациентот.
- Доколку имате издаден упат за вршење лабораториски анализи на товар на ФЗОМ издаден од избран лекар, потребно е кај некој од нашите оператори на пулт да го презентирате упатот, заедно со лична карта на увид или здравствена книшка за малолетни лица, како би можеле да го верификуваме Вашиот идентитет. Во ваков случај, со внесување на податоци за број на упатот, нашиот систем се поврзува со системот “Мој термин”, при што се преземаат Вашите лични податоци: име и презиме, ЕМБГ, ден, месец и година на раѓање, живеалиште и адреса, дијагноза, доктор односно установа од која сте упатени на извршување на анализите, анализи кои е потребно да се извршат, ЕЗБО, податоци за осигурување (основ, важност, право, носител), број на здравствена легитимација. Системот автоматски генерира датум на прием, а операторот дополнително внесува податок за пол.
- Доколку имате издаден упат за вршење лабораториски анализи кои не се на товар на ФЗОМ (општ или специјалистички), потребно е кај некој од нашите оператори на пулт да го презентирате упатот, заедно со лична карта на увид или здравствена книшка за малолетни лица, како би можеле да го верификуваме Вашиот идентитет. Во ваков случај, со внесување на Вашиот ЕМБГ, нашиот систем се поврзува со системот “Мој термин”, при што се преземаат Вашите лични податоци: име и презиме, ЕМБГ, ден, месец и година на раѓање, живеалиште и адреса, доктор односно установа од која сте упатени на извршување на анализите, ЕЗБО, податоци за осигурување (основ, важност, право, носител), број на здравствена легитимација. Системот автоматски генерира датум на прием, а операторот дополнително внесува податок за пол. Операторот на пулт ги внесува анализите кои е потребно да се извршат согласно упатот.
- Доколку Ви е потребно извршување на лабораториски анализи, а притоа не поседувате упат, потребно е кај некој од нашите оператори на пулт да презентирате Ваша лична карта на увид, со цел Ваша идентификација и внесување на Вашите податоци во лабораторискиот систем. Во ваков случај, со внесување на Вашиот ЕМБГ, нашиот систем се поврзува со системот “Мој термин”, при што се преземаат Вашите лични податоци: име и презиме, ЕМБГ, ден, месец и година на раѓање, живеалиште и адреса, ЕЗБО, податоци за осигурување (основ, важност, право, носител), број на здравствена легитимација. Системот автоматски генерира датум на прием. Операторот на пулт ги внесува анализите кои е потребно да се извршат согласно усно барање на пациентот, заедно со податок за пол. Операторот на пулт од систем генерира писмен документ – Барање за изработка на анализи, кое по проверка од Ваша страна, своерачно го потпишувате. Со потпишувањето на ова барање, потврдувате дека горенаведените податоци се точни и веродостојни.
Во случај на прекин на работата на системот „Мој термин“ или прекин на конекцијата на нашиот систем во системот „Мој термин“, во сите горенаведени случаи, податоците се внесуваат рачно од страна на операторот на пулт.
Телефонскиот број е податок кој операторот на пулт може да го внесе во систем по усно укажување од пациентот.
Податоците наведени во упатот, односно барањето се составен дел од резултатот, заедно со податоците од извршените анализи.
Дополнителен податок што можете да ни го оставите е Вашата е-маил адреса за достава на резултатот од анализите. Резултатите можете да ги преземете од нашата веб страница со внесување на приемниот број/код на прием и е-маил адреса.
Цел на собирање на Вашиот телефонски број и е-маил адреса како личен податок е да Ве контактираме околу изработката на анализите и да Ви ги испратиме резултатите од Вашите анализи преку е-маил. Е-маил адресата не е задолжителен податок кој мора да го доставите, меѓутоа во тој случај резултатите ќе мора да ги подигнете резултатите во хартиена форма од нашите простории.
Останатите податоци наведени погоре ги обработуваме со цел пружање соодветни услуги од областа на дејноста на АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА, како дијагностичка лабораторија согласно член 71 од Законот за здравствена заштита, односно прибирање лабораториски примероци, обработка и анализа со примена на дијагностичка опрема, апаратура и физичкодијагностички методи со листа на здравствени услуги за потребата на примарната или специјалистичко-консултативната дејност. Дополнително, обработката на личните податоци се врши согласно член 33 став 2 од Законот за евиденциите од областа на здравството, како и сите релеванатните одредби од законот и истите ни се неопходни за остварување на целите за пружање на здравствените услуги кон Вас како наши пациенти.
По изработка на анализите, истите се внесуваат во посебен софтвер кој е поврзан со Вашите е-маил адреси и преку кои резултатите директно се испраќаат до Вас, освен доколку сте одлучиле да не оставите Ваша е-маил адреса, односно доколку сте одлучиле резултатите да ги подигнете во хартиена форма. Софтверот го одржува надворешна ИТ компанија, а податоците се пренесуваат на cloud сервис лоциран во рамки на ЕУ.
- Корисници на личните податоци
Доколку анализите ги вршите врз основа на упат за вршење лабораториски анализи (без разлика дали истите се на товар на ФЗОМ или не), резултатите од анализите ги доставуваме и до лекарот кој го издал упатот.
Исто така, во случај на добивање позитивен резултат на одредена заразна болест согласно член 23 и член 24 од Закон за заштита на населението од заразни болести, податоците од Вашите анализи сме должни да ги доставиме и до Министерство за здравство, Центар за јавно здравје и Државен и санитарен здравствен инспекторат.
- Рок на чување на податоците
Податоците од Вашите анализи ги чуваме за период од 15 години согласно одредбите од Законот за евиденции од областа на здравството.
Податоците кои дополнително ги внесуваме во нашиот систем, односно е-маил адреса и телефонски број ги чуваме за период од 15 (петнаесет) години сметано од денот на последно извршување на анализа на крв, врз основа на легитимен интерес. Имено, со чување на е-маил адресата во наведениот временски период ја намалуваме потребата од повторно внесување на овие податоци во системот при секое доаѓање на пациентот, со што се намалува и можноста за техничка грешка како резултат на човечки фактор.
Документите во хартиена форма, односно ФЗОМ упати од лекар, ги чуваме за период од 5 години согласно Упатство за здравствени установи за начинот на контрола и складирање на оригинална документација од пружени здравствени услуги во специјалистичко консултативна и болничка здравствена дејност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, имајќи предвид дека истите содржат пресметка на наплатените износи, односно финансиска документација.
Барањата за изработка на анализи, приватните упати, овластувања за преземање резултат од лабораториска анализа и за достава за биолошки материјал и останатата интерна документација ги чуваме за период од 1 година.
- Ваши права во врска со заштитата на личните податоци
Како пациенти чиишто податоци обработуваме, Вие ги уживате следните права согласно Законот за заштита на личните податоци:
Право на пристап
Согласно член 19 од Законот за заштита на личните податоци имате право да побарате информации за следното:
- целта на обработката;
- категории на лични податоци;
- корисници или категории на корисници на кои личните податоци биле или ќе бидат откриени;
- периодот за кој ќе бидат чувани личните податоци;
- постоењето на правото да побараат исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци, како и правото на приговор;
- постоењето на правото на поднесување на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци
- кога личните податоци не се собрани од Вас, секоја достапна информација за нивниот извор;
- постоењето на автоматизирано донесување одлуки, вклучително и профилирање
- информации за преносот на личните податоци во трета земја.
Право на исправка
Согласно член 20 од Законот за заштита на личните податоци имате право да добиете исправка или дополнување на своите лични податоци ако сметате дека податоците се неточни, непотполни или нeажурни (со исклучок на податоците содржани во упатите кои се веќе генерирани од системот “Мој термин“ и каде што немаме можност за измена).
Право на бришење
Согласно член 21 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да побарате бришење на своите лични податоци ако е исполнет некој од следниве услови:
- личните податоци веќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработувани;
- сте ја повлекле согласноста на која се базира обработката и нема друга правна основа за обработката
- имате поднесено приговор на обработката согласно со членот 25 став (1) од законот, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката, или имат поднесено приговор на обработката согласно со членот 25 став (2) од законот;
- сметате дека обработката на личните податоци е незаконска;
- личните податоци треба да се избришат согласно правна обврска.
Право на ограничување на обработката
Согласно член 22 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ја ограничите обработката на своите лични податоци ако исполнет некој од следниве услови:
- ја оспорувате точноста на личните податоци, за период што ни овозможува да ја провериме точноста на податоците;
- сметате дека обработката е незаконска, но се противите на бришењето на личните податоци и наместо тоа барате ограничување на нивната употреба;
- сметате дека веќе не ни се потребни личните податоци за целите на обработката, но се потребни за утврдување, остварување или одбрана на правни барања;
- се противите на обработката согласно член 25 став 1 од законот, во очекување на проверка на тоа дали нашите легитимни основи преовладуваат.
Право на преносивост на податоците
Согласно член 24 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ги добиете своите лични податоци во структурирана, вообичаено користена и машински читлива форма, за целите на преносот на тие податоци до друг контролор, под одредени услови.
Право на приговор
Согласно член 25 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да се противите на обработката, ако обработката на личните податоци се засновува на јавен интерес или легитимен интерес, која вклучува профилирање или автоматизирано донесување одлуки, или ако Вашите лични податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг.
Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Ако сметате дека личните податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Право на повлекување на согласност
Според Законот за заштита на личните податоци, доколку некоја обработка се извршува на основа на Ваша согласност, имате право да ја повлечете својата согласност за обработка на личните податоци во било кое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што се базира на согласноста пред нејзиното повлекување.
Остварување на Вашите права
Доколку сакате да остварите некое од правата во врска со своите лични податоци, можат да контактирате со нашиот офицер за заштита на податоци во било кој момент на е-маил адресата kuzmanovska@tjlaw.com.mk. Со цел олеснување на процесот на остварување на Вашите права, соодветни обрасци се објавени на веб страницата кои можете да ги искористите.
Со почит, ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА
Почитувани пациенти, по пат на оваа Изјава за заштита на личните податоци обезбедени преку телефонската централа (во понтамошниот текст “Изјава”), Приватната здравствена установа – дијагностичка лабораторија АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје, со седиште на ул.“8-ми Септември“ број 2 Скопје, Карпош, со ЕМБС 6049028, Ви доставува информации во врска со начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци собрани преку телефонската централа, како и правата кои ги имате врз основа на Законот за заштита на личните податоци по повод оваа обработка.
- Начин на собирање, цели и правен основ за обработка на личните податоци
АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА отпочнува со снимање на разговорите во телефонската централа, односно доколку се јавите на телефонскиот броеви на АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА на било која од лабораториите, повикот со нашиот оператор ќе се снима.
Снимањето е воспоставено со цел подобрување на услугата кој Ви ја пружаме, така што снимките ќе ги користиме за обуки на вработените кој разговараат со Вас или постапување по евентуална поплака од Ваша страна во врска со услугите на нашите вработени.
Доколку се јавувате со цел проверка на статус на резултат, имајте предвид дека не е потребно да кажете Ваше име и презиме и други податоци, односно доволно е операторот да го известите за приемниот број и датумот на прием.
Податоците нема да ги користиме за цели различни од наведените.
Доколку сакате да се обратите до нас, а не сакате тоа да го направите преку телефонски разговор кој ќе се снима, можете во секое време да се обратите до нас на нашите е-маил адреси достапни во долниот дел на нашата веб страница или преку полето за контакт достапно на нашата веб страница.
Правен основ за оваа обработка е Ваша согласност, така што доколку по известувањето за снимање на разговорот истиот го продолжите, се смета дека се согласувате разговорот да се снима.
- Корисници на личните податоци
Податоците не се споделуваат со корисници или други лица, освен обработувачот кој го администрира софтверот за снимање на разговорите.
- Рок на чување на податоците
Податоците, односно снимките ги чуваме за период од 45 дена, по што истите автоматски се бришат.
- Ваши права во врска со заштитата на личните податоци
Како пациенти чиишто податоци обработуваме, Вие ги уживате следните права согласно Законот за заштита на личните податоци:
Право на пристап
Согласно член 19 од Законот за заштита на личните податоци имате право да побарате информации за следното:
- целта на обработката;
- категории на лични податоци;
- корисници или категории на корисници на кои личните податоци биле или ќе бидат откриени;
- периодот за кој ќе бидат чувани личните податоци;
- постоењето на правото да побараат исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци, како и правото на приговор;
- постоењето на правото на поднесување на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци
- кога личните податоци не се собрани од Вас, секоја достапна информација за нивниот извор;
- постоењето на автоматизирано донесување одлуки, вклучително и профилирање
- информации за преносот на личните податоци во трета земја.
Право на исправка
Согласно член 20 од Законот за заштита на личните податоци имате право да добиете исправка или дополнување на своите лични податоци ако сметате дека податоците се неточни, доколку е применливо со оглед на природата на обработка.
Право на бришење
Согласно член 21 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да побарате бришење на своите лични податоци ако е исполнет некој од следниве услови:
- личните податоци веќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработувани;
- сте ја повлекле согласноста на која се базира обработката и нема друга правна основа за обработката
- имате поднесено приговор на обработката согласно со членот 25 став (1) од законот, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката, или имат поднесено приговор на обработката согласно со членот 25 став (2) од законот;
- сметате дека обработката на личните податоци е незаконска;
- личните податоци треба да се избришат согласно правна обврска.
Право на ограничување на обработката
Согласно член 22 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ја ограничите обработката на своите лични податоци ако исполнет некој од следниве услови:
- ја оспорувате точноста на личните податоци, за период што ни овозможува да ја провериме точноста на податоците;
- сметате дека обработката е незаконска, но се противите на бришењето на личните податоци и наместо тоа барате ограничување на нивната употреба;
- сметате дека веќе не ни се потребни личните податоци за целите на обработката, но се потребни за утврдување, остварување или одбрана на правни барања;
- се противите на обработката согласно член 25 став 1 од законот, во очекување на проверка на тоа дали нашите легитимни основи преовладуваат.
Право на преносивост на податоците
Согласно член 24 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ги добиете своите лични податоци во структурирана, вообичаено користена и машински читлива форма, за целите на преносот на тие податоци до друг контролор, под одредени услови.
Право на приговор
Согласно член 25 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да се противите на обработката, ако обработката на личните податоци се засновува на јавен интерес или легитимен интерес, која вклучува профилирање или автоматизирано донесување одлуки, или ако Вашите лични податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг.
Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Ако сметате дека личните податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Право на повлекување на согласност
Според Законот за заштита на личните податоци, доколку некоја обработка се извршува на основа на Ваша согласност, имате право да ја повлечете својата согласност за обработка на личните податоци во било кое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што се базира на согласноста пред нејзиното повлекување.
Остварување на Вашите права
Доколку сакате да остварите некое од правата во врска со своите лични податоци, можат да контактирате со нашиот офицер за заштита на податоци во било кој момент на е-маил адресата kuzmanovska@tjlaw.com.mk. Со цел олеснување на процесот на остварување на Вашите права, соодветни обрасци се објавени на веб страницата кои можете да ги искористите.
Со оваа Политика на приватност на Ви доставуваме информации за обработката на лични податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата интернет страна, односно информации за контролорот, офицерот за заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци, лични податоци кои ги обработуваме, начин на собирање на личните податоци, цел на обработката, период на чување на личните податоци, корисници на личните податоци, како и Вашите права по однос на личните податоци.
- Контролор
Контроллор на личните податоци кои ги обработуваме преку веб страницата е ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА, со седиште на булевар 8ми Септември број.2 Скопје и ЕМБС:6049028.
- Офицер за заштита на лични податоци
Наш офицер за заштита на личните податоци е Елена Кузмановска, со следниоv e-mail: elena.kuzmanovska@jpm.law која можете да ја контактирате доколку Ви е потребна информација за остварување/заштита на Вашите права од областа на личните податоци.
- Субјекти на лични податоци, лични податоци, начин на кој ги собираме личните податоци и цел на обработката
Лични податоци кои доброволно ни ги доставувате:
- Податоци кои ги доставувате на нашата е-маил адреса доколку сакате да аплицирате за вработување:
– име и презиме;
– датум на раѓање;
– пол, адреса;
– населено место;,
– контакт телефон;
– e-mail адресa;
– лични податоци кои ни ги доставувате во Вашето CV;
- Податоци кои ги доставувате во полето Контакт, доколку сакате да ни се обратите:
– име и презиме;
– e-mail адреса;
– лични податоци содржани во Вашата порака.
Други податоци кои се собираат при Вашата посета на веб страницата
При Вашата посета на веб страницата може да се собираат и други податоци, како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, име на оперативниот систем, IP (интернет протокол) адреси и сл. Со собирањето на овие податоци не се врши Ваша идентификација. Воедно, може да собираме и одредени податоци со колачињата кои ги користиме, за што можете подетално да се информирате во Политиката за колачиња.
- Корисници на лични податоци
Обработката на лични податоци се извршува од страна на вработени во АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје кои се соодветно обучени за заштита на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен доколку сме законски обврзни за истото по барање на надлежен орган.
- Период на чување на личните податоци
Податоците кои ни ги доставувате при пополнување на апликација за вработување ги чуваме во рок од 6 (шест) месеци, освен ако со Вас не е заснован работен однос.
Податоците кои ни ги доставувате преку полето Контакт или преку нашата е-маил адреса ги чуваме во зависност со содржината на пораката, согласно законот и нашите интерни акти.
- Ваши права во врска со обработка на лични податоци
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се следните:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- право на пристап до личните податоци;
- право на исправка и бришење на личните податоци;
- право на ограничување на обработката на личните податоци;
- право на приговор;
- право на поднесување на барање до АЗЛП согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
- Повлекување на согласност
Имате право во секој момент да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци кои ги обработувме по тој основ преку соодветно обраќање до нашиот офицер за заштита на личните податоци.
Повлекување на согласноста не влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
- Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност може да се измени/дополни кои ќе имаат важност од денот на нивно објавување.
Политика за користење колачиња
Во оваа Политика за користење колачиња даваме кратко објаснување за тоа што претставуваат колачињата, кои видови колачиња ги користиме, целта поради која користиме колачиња, информациите што ги собираме преку колачињата, колку време ги чуваме податоците собрани преку колачињата и како може да ги контролирате поставките за колачиња.
Што претставуваат колачиња?
Колачиња („cookies“) се мали текстуални датотеки што се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилниот телефон од страна на веб-страниците што ги посетувате и не се користат со цел ваша идентификација.
Дали постои можност да се исклучат/контролираат колачињата?
Прифаќањето на горенаведените колачиња не е задолжително за користењето на веб-страницата, но тие овозможуваат подобро корисничко искуство.
Може да ги избришете или да ги блокирате, но во тој случај, можно е одредени функционалности на веб-страницата да не функционираат правилно.
Какви колачиња користиме, за која цел и во кое времетраење?
Колачињата што ги користиме на нашата веб-страница се детално опишани подолу:
- Потребни колачиња
Секогаш се вклучени
Потребните колачиња се апсолутно потребни за соодветно функционирање на веб-страницата. Овие колачиња ги овозможуваат основните функционалности и безбедносни карактеристики на веб-страницата на анонимен начин.
| Колаче | Времетраење | Опис |
| cookielawinfo-checkbox-advertisement | 1 година |
Согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци, ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Реклами“. |
|
cookielawinfo-checkbox-analytics
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Аналитика“. |
|
cookielawinfo-checkbox-functional
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно согласноста за колачиња утврдена со Општата регулатива за заштита на личните податоци за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Функционално“. |
|
cookielawinfo-checkbox-necessary
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Потребно“. |
|
cookielawinfo-checkbox-others
|
11 месеци |
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Останато“. |
|
cookielawinfo-checkbox-performance
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Пеrформанси“. |
|
viewed_cookie_policy
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци и се користи со цел да се зачува информацијата за тоа дали корисникот се согласил на користење колачиња. Ова колаче не зачувува лични податоци. |
- Функционални колачиња
Функционалните колачиња имаат одредени функционални улоги, како што се споделување содржини од веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и останати надворешни функционалности.
| Колаче | Времетраење | Опис |
|
pll_language
|
1 година
|
Колачето „pll _language“ се користи од страна на „Polylang“ со цел зачувување на јазикот избран од корисникот при повторното пристапување на веб-страницата, како и за добивање информации во врска со јазикот кога не е достапен на друг начин. |
- Перформансни колачиња
Перформансните колачиња се користат со цел да се разберат и да се анализираат клучните показатели за перформанси на веб-страницата што помага за постигнување подобро корисничко искуство за посетителите.
Перформансно колаче
__utma
2 години
Ова колаче се поставува од Google Analytics и се користи со цел да се направи дистинкција помеѓу корисниците и сесиите. Колачето се креира кога библиотеката JavaScript ги извршува своите команди и нема постојни колачиња __utma. Колачето се ажурира секојпат кога се праќаат податоци до Google Analytics.
__utmc
Колаче за сесии
Колачето се поставува од страна на Google Analytics и се брише кога корисникот го затвора прелистувачот. Се користи со цел интероперабилност со urchin.js, а тоа, всушност, е постара верзија на Google Analytics и се користи заедно со колачето __utmb со цел утврдување нови сесии/посети.
__utmz
6 месеци
Google Analytics го поставува ова колаче со цел чување на изворот на сообраќајот или кампањите од каде што посетителот пристапил на веб-страницата.
__utmt
10 минути
Google Analytics го поставува колачето со цел инхибирање на стапката на барање.
__utmb
30 минути
Google Analytics го поставува ова колаче со цел утврдување на новите сесии/посети. Колачето __utmb се креира кога библиотеката JavaScript ги извршува своите команди и нема постојни колачиња __utma. Колачето се ажурира секојпат кога се праќаат податоци до Google Analytics.
Функционални колачиња
__fb_chat_plugin
никогаш
Ова колаче се користи со цел следење на интеракцијата на корисникот со виџетот за разговори на Фејсбук.
messaging_plugin_https://avicenalab.com.mk/_148011668584053
никогаш
Ова колаче се користи од страна на Фејсбук за да се овозможат функционалностите на виџетот за разговори.
- Аналитички колачиња
Аналитичките колачиња се користат со цел да се разбере на кој начин посетителите стапуваат во интеракција со веб-страницата. Овие колачиња помагаат при собирањето информации за бројот на посетители, процентот на посетители што ја посетуваат веб-страницата, но кратко се задржуваат на неа, изворот на сообраќај итн.
СОГЛАСНОСТ
16 години 2 месеци 25 дена 14 часа и 15 минути
Јутјуб го поставува ова колаче преку видеа со вметнат код на Јутјуб и регистрира анонимни статистички податоци.
- Рекламни колачиња
Рекламните колачиња се користат со цел на посетителите да им се понудат релевантни реклами и маркетинг-кампањи. Овие колачиња ги следат посетителите во рамките на нивната посета на веб-страниците и собираат информации со цел да им се понудат персонализирани реклами.
| Колаче | Времетраење | Опис |
|
IDE
|
1 година и 24 дена
|
Колачињата „Google DoubleClick IDE“ се користат со цел зачувување информации за начинот на кој корисникот ја користи веб-страницата за да му се понудат релевантни реклами соодветни на профилот на корисникот. |
|
test_cookie
|
15 минути |
Колачето „test_cookie“ го поставува „doubleclick.net“ и се користи со цел да се утврди дали прелистувачот на корисникот поддржува користење колачиња. |
|
VISITOR_INFO1_LIVE
|
5 месеци и 27 дена
|
Колаче поставено од страна на Јутјуб со цел мерење на пропусниот опсег, со што се утврдува дали корисникот ќе добие стар или нов интерфејс на плеерот. |
|
YSC
|
YSC е колаче поставено од Јутјуб што се користи за следење на прегледите на видеа со вметнат код на страниците на Јутјуб. |
YSC е колаче поставено од Јутјуб што се користи за следење на прегледите на видеа со вметнат код на страниците на Јутјуб. |
|
yt-remote-connected-devices
|
никогаш
|
Јутјуб го поставува ова колаче со цел зачувување на претпочитаните поставки за видеата на корисниците користејќи видеа со вметнат код на Јутјуб. |
| yt-remote-device-id
|
никогаш
|
Јутјуб го поставува ова колаче со цел зачувување на претпочитаните поставки за видеата на корисниците користејќи видеа со вметнат код на Јутјуб. |
- Останати колачиња
Во категоријата останати некатегоризирани колачиња спаѓаат сите колачиња што се анализираат или што сè уште не се категоризирани во соодветна категорија.
- БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕЗЕМИ ТУКА.
- БАРАЊЕ ЗА ИСПРАВКА ИЛИ БРИШЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕЗЕМИ ТУКА.
- БАРАЊЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕЗЕМИ ТУКА.
- БАРАЊЕ ЗА ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕЗЕМИ ТУКА.
- ПРИГОВОР ПРОТИВ ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕЗЕМИ ТУКА.
Овластување за преземање резултат од лабораториска анализа ПРЕЗЕМИ ТУКА.
Овластување за достава на биолошки материјал ПРЕЗЕМИ ТУКА.
- Основни информации за мобилната апликација Avicena Mobile
Со општите услови за користење на мобилната апликација Avicena Mobile (во натамошниот текст: Општи услови) ПЗУ АВИЦЕНА лабораторија Скопје со седиште нa ул. „8ми Септември“ бр.2, Скопје (во понатамошниот текст: АВИЦЕНА лабораторија), ги утврдува обврските, правата и условите за користење на бесплатната мобилна апликација Avicena Mobile.
Овие општи услови се употребуваат за мобилната апликација Avicena Mobile, која корисникот ја инсталира преку продавниците за мобилни апликации, ако со други услови за употреба што ја регулираат наведената апликација не е определено поинаку.
Овие општи услови важат за сите надградби, нови верзии и измени на мобилната апликација Avicena Mobile.
При најава на мобилната апликација Avicena Mobile поединецот/корисникот потврдува дека е запознаен со овие општи услови, дека се согласува со нив и дека е обврзан со нивните одредби. Со активација на Avicena Mobile, Корисникот се согласува на обработка на неговите лични податоци согласно Општите услови поврзани со обезбедување функционалност на услугата, сигурност и исполнување законски и регулаторни обврски, во согласност со прописите за заштита на личните податоци и применливата регулатива.
Овие општи услови се обврзувачки за сите корисници на мобилната апликација Avicena Mobile и на корисниците им се достапни преку линк кој води од мобилна апликација кон веб страната www.avicenalab.com.mk.
Мобилната апликација Avicena Mobile претставува софтверска алатка која овозможува лесно и едноставно преземање на резултати од извршени лабораториски анализи во АВИЦЕНА лабораторија, увид во претходно извршени лабораториски анализи и нивна споредба како и редовно информирање за сите новости кои ги нуди лабораторијата во избраните области од интерес на корисникот. Податоците достапни преку Апликацијата се официјални резултати од извршени лабораториски анализи од АВИЦЕНА лабораторија.
Апликацијата е достапна за употреба на сите физички лица кои се корисници на услугите на АВИЦЕНА лабораторија, кои се пациенти во АВИЦЕНА лабораторија односно корисници на здравствени услуги за лабораториска дијагностика.
Апликацијата нуди иновативен и персонализиран пристап до лабораториските услуги и здравствените податоци за корисниците на услугите на АВИЦЕНА лабораторија, насочена кон овозможување на врвно корисничко искуство и подобрување на грижата за здравјето на пациентите.
Апликацијата нуди и можност за добивање на маркетинг известувања за корисниците кои ја избрале оваа опција со цел пристап до промотивни понуди и персонализирани содржини врз основа на избрани интереси. За овие корисници АВИЦЕНА лабораторија може да прикажува рекламни пораки за своите услуги и производи во самата Апликација кои вклучуваат, но не се ограничени на промотивни пораки, текст, слики или видео или комбинација, директно во Апликацијата или како екстерен линк (на пример: веб страната на АВИЦЕНА лабораторија). АВИЦЕНА лабораторија може да испраќа и таргетирани Push нотификации согласно избраните интереси на корисниците на апликацијата, во самата апликација. Корисниците имаат право во секое време да ја повлечат својата согласност односно да се отпишат од маркетинг нотификациите на лесен и едноставен начин, преку поставките во самата апликација.
Заради подобрување на функционалностите на Апликацијата, АВИЦЕНА лабораторија ќе прави периодични ажурирања на Апликацијата, со нови фукционалности или промена во одредени функционалности на Апликацијата. За вака извршените ажурирања на Апликацијата АВИЦЕНА лабораторија може да достави известување, во форма на push нотификации, чие добивање ќе зависи од кориснички поставувања во апликацијата и/или терминалниот уред.
Мобилната апликација Avicena Mobile работи на следните оперативни системи: iOS (Apple) или Android (Google). Поради техничките ограничувања на постарите верзии на оперативните системи, одредени функции може да бидат ограничени или да не работат правилно.
За пристап до функционалност на мобилната апликација Avicena Mobile потребна е регистрација преку креирање профил и негова верификација, која корисникот ќе може да ја изврши при првиот следен прием некоја од подружниците на АВИЦЕНА лабораторија (подетално објаснето во точка 4 од овие Општи услови).
АВИЦЕНА лабораторија го задржува правото да престане да обезбедува пристап до мобилната апликација Avicena Mobile или нејзини одделни функции, без претходно да го извести корисникот.
- Што добива корисникот при активно користење на мобилната апликација?
Корисникот преку Апликацијата има можност да:
- се информира за категории на лабораториски анализи од негов интерес, преку персонализирање на својот кориснички профил;
- пристапува до историја на извршени лабораториски анализи во период од 1 година пред верифицирање на профилот во апликацијата и има пристап до резултати од анализи извршени 5 години од денот на верификација на профилот;
- споредува одредени лабораториски анализи низ времето и добива графички приказ на истите;
- се информира за статус на обработка за земен примерок (во 4 фази);
- креира потсетници за анализи од свој интерес;
- управува со профили на своите деца до 18 години;
- добива нотификации за нови или ажурирани резултати;
- се информира за локации на лабораториите и нивно работно време;
- има увид во здравствени статии, блогови и новости, интегрирани со веб страната на АВИЦЕНА лабораторија.
- Разграничување на одговорноста
Визит карта на АВИЦЕНА лабораторија:
- Назив: ПЗУ АВИЦЕНА лабораторија
- Седиште: ул. „8ми Септември“ бр.2, Скопје
- Даночен број: 4030005569363
- ЕМБС: 6049028
- e-mail: avicenalab@avicenalab.com.mk
- Телефон: 02 3179 001
- Веб страница: avicenalab.com.mk
- Запишана во Регистарот на други правни лица на ден 01.11.2005 година
- Надзорен орган: Министерство за здравство.
АВИЦЕНА лабораторија е регистрирана и овластена да работи како Приватна здравствена установа – Специјалистичка дијагностичка лабораторија, врз основа на соодветни дозволи и решенија за работа издадени од Министерството за здравство на Р. Македонија, акредитирана од специјализирана установа за акредитација согласно со МКС EN ISO 15189:2013, специјализирана за извршување на лабораториски услуги од областа на клиничка биохемија, микробиологија, ендокринологија, имунологија, трансфузиологија, молекуларна биологија и сл.
АВИЦЕНА лабораторија ќе се залага да:
- ги изврши своите обврски во согласност со овие Општи услови,
- да обезбеди непречено функционирање на мобилната апликација Avicena Mobile, сепак, не е одговорна за прекини или нефункционирање на истата предизвикани од виша сила или дејствија на трета страна кои не можеле да се избегнат или отстранат,
- воспостави работа на мобилната апликација Avicena Mobile што е можно побрзо, доколку дојде до прекин или нефункционирање на истата,
- го информира корисникот за било какви измени и/или дополнувања на Општите услови,
- го информира корисникот кога ќе одлучи повеќе да не ја обезбедува услугата Avicena Mobile.
АВИЦЕНА лабораторија нема да биде одговорна за штети настанати поради причини кои не можела да ги спречи или избегне и не се во нејзин домен на работење како и во случај на штета настаната поради „виша сила”.
АВИЦЕНА лабораторија не одговара за било каков дефект на мобилниот уред, вклучувајќи го и оној предизвикан од вирус.
АВИЦЕНА лабораторија не презема никаква одговорност за штета како и одговорност за грешки или пропусти во содржината на мобилната апликација Avicena Mobile, додека АВИЦЕНА лабораторија го задржува правото да менува, брише, дополнува и ажурира функции на кој било дел од содржината на мобилната апликација Avicena Mobile.
Корисникот на мобилната апликација Avicena Mobile ги користи сите услуги на сопствена одговорност. Ниту АВИЦЕНА лабораторија, ниту кое било друго правно или физичко лице кое учествувало во креирањето и изработката на апликациjата не е одговорно за:
- каква било штета што произлегува од какви било промени во мобилната апликација, траен или привремен прекин на обезбедувањето на користење на мобилната апликација или кои било елементи во рамките на апликацијата, неточен внес на податоци, како и фактот дека корисникот на мобилната апликација не ги обезбедил податоците од апликацијата и не ја зачувал нивната доверливост,
- штети настанати поради неможноста за користење на мобилната апликација,
- штети настанати на корисничките уреди, нивниот системски софтвер и апликации, како и податоците на корисникот при користење на мобилната апликација,
- штети настанати заради споделување на лозинката за пристап од страна на корисникот,
- какви било други штети поврзани со употребата на мобилната апликација, доколку преземените дејствија од страна на корисникот се спротивни на овие Општи услови и Политиката за приватност.
- Преземање, инсталирање и верификација на пристап до Апликацијата
Секој корисник може да ја преземе апликацијата Avicena Mobile бесплатно, преку Google Play Store и Apple App Store маркетите за апликации.
Апликацијата работи единствено со оригиналните верзии на оперативните системи наведени погоре и АВИЦЕНА лабораторија не презема никаква одговорност за нејзина евентуална делумна или целосна нефункционалност поради инсталација на дополнително адаптирани верзии на оперативните системи.
Корисникот може да креира профил доколку ги исполнува следните услови:
- е полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;
- има регулиран престој во Република Северна Македонија согласно важечките законски прописи.
Корисникот креира кориснички профил со внесување на следниве податоци:
- Име, презиме, датум на раѓање, е-пошта, телефонски број и лозинка.
Датумот на раѓање се внесува заради спречување на најава и верификација на малолетни лица.
За корисничко име, корисникот задолжително употребува валидна електронска адреса (e-mail) која е во негова сопственост.
Корисникот е должен да креира лозинка која само тој ја знае и се обврзува истата да ја чува во тајност и да не ја споделува со трети лица. Истата потребно е да биде составена на следниов начин:
- минимум 1 мала буква,
- минимум 1 голема буква,
- минимум 1 цифра,
- минимум 1 специјален карактер
- и должина од минимум 10 карактери.
Корисникот има право да креира само еден кориснички профил.
Корисникот, во својство на родител/старател, има можност преку својот кориснички профил да ги регистрира своите малолетни деца и на тој начин да пристапува до резултатите од нивните лабораториски анализи. Со денот на стекнување полнолетство, верификуваните деца на корисникот-родител/старател, автоматски се бришат од корисничкиот профил и истите самостојно се најавуваат на апликацијата со цел користење на нејзините погодности преку свој кориснички профил.
По креирање на профилот, корисникот неопходно е да изврши прием во една од подружниците на АВИЦЕНА лабораторија со цел верификување на профилот. Без активирање на профилот преку спроведен прием, апликацијата може да се користи само за новости и информации за услуги кои ги нуди АВИЦЕНА лабораторија.
По активација на профилот, корисникот се најавува на следниов начин:
– преку внесување на е-маил и лозинка која корисникот ја внел при креирање на профилот.
По успешната најава, Корисникот пристапува до менито на Апликацијата и може да ги користи функционалностите на Апликацијата кои му се достапни.
Во случај на заборавена лозинка апликацијата овозможува ресетирање со известување на електронска пошта и прием на 6-цифрен код, по чие внесување во апликацијата се бара креирање на нова лозинка. При најава со новата лозинка, апликацијата бара внесување на втор код за потврда како дополнителна автентикација.
Апликацијата не овозможува помнење на пристапните податоци (е-маил, лозинка) а со цел намалување на ризикот од злоупотреба на лични податоци, особено посебни категории податоци, во случај на отуѓување или губење на уредот.
Одјавата од апликацијата се врши преку таб “Одјава” а корисниците кои понатаму не сакаат да ја користат апликацијата имаат на располагање опција „Избриши профил“.
Корисикот може да одлучи да користи опција за пристап до апликацијата со помош на биометриски податоци (fingerprint/face recognition), доколку таа опција е поддржана од неговиот терминален уред. Ваквите биометриски податоци се чуваат исклучиво локално на уредот доколку Корисникот ги активира, а Контролорот нема пристап до биометриски шаблони и не врши обработка на истите.
Корисикот може да одлучи да користи опција за пристап до апликацијата со помош на биометриски податоци (fingerprint и face recognition), доколку таа опција е поддржана од неговиот терминален уред. Ваквите биометриски податоци се чуваат исклучиво локално на уредот доколку Корисникот ги активира, а Контролорот нема пристап до биометриски шаблони и не врши обработка на истите.
Доколку во Апликацијата е избрана опцијата за користење биометрија, корисникот пристапува во апликацијата без потреба од внесување на лозинка. Доколку корисникот нема активирано заштита со биометриски податок (во случај корисникот да не сака да ја користи оваа опција или неговиот уред истото не го поддржува), предвидена е заштита со лозинка.
Корисникот е должен да ги чува своето корисничко име и лозинка и својот мобилен терминален уред од секаков вид на евентуална злоупотреба. Сите трошоци кои можат да произлезат доколку Корисникот ги даде на друг своето корисничко име или лозинка од Апликацијата или на друг начин ги направи достапни за користење на трети лица се исклучива одговорност на Корисникот. Злоупотреба на туѓи лични податоци или туѓо корисничко име и лозинка е забрането и се казнува согласно законските прописи.
АВИЦЕНА лабораторија не презема одговорност за било какви грешки во најавата или штети при користење на незаштитена безжична Wi-Fi конекција.
- Обврски на корисникот
Корисникот на мобилната апликација Avicena mobile се обврзува дека нема да ја користи мобилната апликација за нелегални цели или цели спротивни на овие општи услови. Не е дозволено користење на мобилната апликација на начин што може да наштети на АВИЦЕНА лабораторија.
Корисникот има обврска да ја користи мобилната апликација исклучиво:
- за целта за која е наменета;
- согласно со овие Општи услови за користење и важечките прописи.
Корисникот се согласува дека е одговорен за:
- безбедноста и доверливоста на неговата лозинка,
- сите активности кои ги презел преку неговиот профил во мобилната апликација,
- да ги проверува Општите услови со цел да биде информиран за какви било промени,
- пријавување сомнеж за неовластено користење на неговите податоци за најава во Општи услови, согласно закон.
Корисникот се согласува да ја користи мобилната апликација на начин што:
- не ги изложува неговите уреди на ризик од вируси или друг штетен софтвер;
- нема да внесува вируси или каков било друг штетен софтвер;
- не ги прекршува правата на другите корисници и не го отежнува нивното користење на мобилната апликација;
- нема да се обидува да добие неовластен пристап до мобилната апликација, податоците, серверите на кои е поставена, или кој било компјутер, сервер или база на податоци поврзани со мобилната апликација;
- нема да презема активности за сајбер напад на мобилната апликација.
- Интелектуална сопственост
Оваа Апликација е во ексклузивна сопственост на АВИЦЕНА лабораторија. Било какво копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабинско поврзување или менување на друг начин, на оваа Апликација најстрого е забрането.
Корисникот не смее да ја менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, преработува или адаптира Апликацијата ниту да врши нејзино комерцијално искористување, или на кој било начин да ја користи оваа Апликација, во целост или делумно, освен за целите за кои е наменета.
Крајниот корисник е одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост или какви било проблеми настанати во врска неовластеното користење на оваа апликација.
Секое прекршување на овие услови, кое може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на било кој друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до поведување на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот.
- Заштита на лични податоци
АВИЦЕНА лабораторија е контролор на лични податоци кој личните податоци ги обработува во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и подзаконски акти кои содржат одредби поврзани со заштитата на личните податоци.
Информациите за контролорот се дадени во Точка 2 од овие услови.
Офицерот за заштита на личните податоци може да се контактира преку
- e-mail адресата: kuzmanovska@tjlaw.com.mk и
- телефонски број 072 320 584.
Во однос на целите и правниот основ за обработка на личните податоци, роковите на чување, остварување на Вашите права, можете да најдете во делот на мобилната апликација „Политика за приватност на лични податоци обработени преку мобилната апликација Avicena mobile“.
- Решавање на технички проблеми
Во случај на проблеми со функционирањето на мобилната апликација Avicena mobile, корисникот може да контактира на телефонскиот број на контакт центарот на АВИЦЕНА лабораторија 02 3179 001.
- Решавање спорови
АВИЦЕНА лабораторија и корисникот на мобилната апликација Avicena mobile ќе ги решаваат сите евентуални спорови спогодбено. Доколку споровите не може да се решат спогодбено, истите ќе се решаваат пред месно надлежниот суд на територијата на Република Северна Македонија.
- Промени во условите за користење и завршни одредби
Покрај овие Општи услови за користење на мобилната апликација, ќе се применува и Политика за приватност која е јавно достапна на официјалната веб-страница на АВИЦЕНА лабораторија, Изјавата за заштита на личните податоци на пациенти, Политиката за приватност при обработка на лични податоци при користење на мобилна апликација Avicena mobile, кои се јавно достапни на официјалната веб-страница на АВИЦЕНА лабораторија – www.avicenalab.com.mk.
АВИЦЕНА лабораторија го задржува правото целосно или делумно да ги измени овие Општи услови за користење вклучувајќи и, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на Апликацијата. За секоја промена, корисниците ќе бидат известени преку самата апликација, преку официјалната веб страна на АВИЦЕНА лабораторија или на друг соодветен начин. Доколку и по направените промени корисникот продолжи со користење на мобилната апликација, се смета дека се согласува со истите.
ПЗУ АВИЦЕНА лабораторија
ПЗУ АВИЦЕНА лабораторија Скопје (во понатамошниот текст: АВИЦЕНА лабораторија /Контролорот) на корисниците на своите услуги им овозможува користење на мобилна апликација Avicena mobile – софтверска алатка која овозможува лесно и едноставено преземање на резултати од извршени лабораториски анализи извршени кај Контролорот, споредба на лабораториски резултати и редовно информирање на корисниците за сите новости кои ги нуди лабораторијата во избраните области од интерес на корисникот. Податоците достапни преку Апликацијата се официјални резултати од извршени лабораториски анализи во АВИЦЕНА лабораторија.
Со пристапот и користењето на мобилната апликација Avicena mobile, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со условите за користење на нашата апликација.
Грижата за пациентите и почитувањето на нивната приватност претставува врвен приоритет за АВИЦЕНА лабораторија. Ние во АВИЦЕНА лабораторија, личните податоци ги обработуваме во целост согласно Законот за заштита на личните податоци и другите законски и подзаконски прописи кои ги применуваме во своето работење. Нашиот однос кон заштитата на личните податоци и општо кон почитувањето на приватноста, секогаш се заснова на законито, правично, транспарентно, фер и отчетно работење.
Во таа насока, оваа Политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја користите мобилната апликација Avicena mobile и за Вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци.
Основни податоци за контролорот
- Контролор: ПЗУ АВИЦЕНА лабораторија
- Седиште: ул. „8ми Септември“, бр.2, Скопје
- Даночен број: 4030005569363
- ЕМБС: 6049028
- e-mail: avicenalab@avicenalab.com.mk
- Телефон: 02 3179 001
- Веб страница: avicenalab.com.mk
Чии лични податоци обработуваме и за која цел?
Ги собираме и обработуваме податоците поврзани со следниве категории на субјекти на лични податоци:
– корисници на услугите на АВИЦЕНА лабораторија – пациенти,
со цел обезбедување автентикација за да се овозможи безбедно најавување и пристап до апликацијата која пак овозможува лесно и едноставно преземање на резултати од извршени лабораториски анализи во АВИЦЕНА лабораторија, увид во претходно извршени лабораториски анализи, нивна споредба, информирање за статус на обработка за земен примерок, креирање потсетници за анализи, управување со прифил на деца до 18 години и редовно информирање за сите новости кои ги нуди лабораторијата во избраните области од интерес на корисникот.
Мобилната апликација Avicena Mobile собира и обработува податоци за регистрирани корисници – пациенти кај Контролорот, како и за малолетни деца на регистрираните корисници, кои родителот/старателот како корисник на апликацијата самостојно ги регистрирал во самата апликација а кои се верификуваат и поврзуваат со родителот/старателот при првиот прием во подружниците на Контролорот. Со денот на стекнување полнолетство, верификуваните деца на корисникот автоматски се бришат од корисничкиот профил и истите е потребно самостојно да се најават на апликацијата со цел користење на нејзините погодности.
Категории на лични податоци кои ги обработуваме:
- Категории на лични податоци при креирање профил во мобилната апликација:
- име, презиме,
- датум на раѓање,
- електронска пошта и
- телефонски број
- пол (опционално, доколку корисникот врши избор на теми од интерес).
- Лични податоци при преземање/увид во резултат од извршена лабораториска анализа:
- Преземањето и увидот во резултатите од извршена лабораториска анализа преку бесплатната мобилна апликација е само уште една форма на достава на резултатите од лабораториските анализи и кон истата пациентите доброволно пристапуваат и ја користат, додека на располагање им стојат сите други опции за прием на резултатите:
- преку Пациентски портал на веб страна на Контролорот,
- со достава на контакт-електоронска пошта и
- со физичко подигнување на резултатите од подружниците на АВИЦЕНА лабораторија).
- Следниве категории на лични податоци Контролорот веќе ги обработува преку софтверска програма за менаџирање на работата во здравствените установи – Pinga, која АВИЦЕНА лабораторија активно ја користи за менаџирање на работата врз основа на склучен договор со обработувач. По извршена верификација и најава во мобилната апликација, корисниците може да пристапат до истите податоци кои веќе се обработуваат преку Pinga кои мобилната апликација Avicena mobile ги влече/интегрира од овој компјутерски систем. Овие податоци веќе се собрани и се обработуваат во рамки на вршењето на лабораториската дејност на контролорот (со правен основ: закон и легитимен интерес), а со интегрирање на компјутерскиот систем кај контролорот со мобилната апликација, само се овозможува полесен и поедноставен пристап на пациентите до резултатите од извршените лабораториски анализи. Оттука, покрај податоците при креирање профил, апликацијата ги прави достапни и следниве категории лични податоци на своите корисници:
- име и презиме;
- ЕМБГ,
- ден, месец и година на раѓање;
- приемен број,
- дата на земање на примерок,
- датум на издавање на резултатот,
- податоци од извршени лабораториски анализи,
- пол (незадолжителен податок).
Апликацијата не собира информации за уредот, како тип, модел, локација или IP адреса, посети или активност во апликацијата. Апликацијата не креира логови и не користи колачиња. Единствено се собираат податоци за автентикација за да се овозможи безбедно најавување и пристап до апликацијата.
Апликацијата нема пристап и не врши обработка на биометриски шаблони. Доколку корисикот користи опција за пристап до апликацијата со помош на биометриски податоци (finger print или face recognition), овие податоци се чуваат исклучиво локално на уредот.
Правен основ за обработка на личните податоци
Обработката на личните податоци за потребите на функционирање на мобилната апликација се заснова на неопходноста од извршување на договорни обврски, односно обезбедување на услуги кон корисникот преку апликацијата, кои вклучуваат функционирање, одржување, безбедност и континуирано унапредување на мобилната апликација, во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци.
Посочуваме дека пациентите не се должни да се регистрираат на апликацијата со цел добивање услуги за лабораториски анализи од АВИЦЕНА лабораторија, но со користење на апликацијата би имале понапредни можности за пристап и споредба на резултатите и сл.
Правниот основ за обработка на самите здравствени податоци од извршени лабораториски анализи се детално опишани во Изјавата за заштита на личните податоци на пациентите, објавена на веб страницата на АВИЦЕНА лабораторија, додека со мобилната апликација се овозможува само дополнителен начин за пристап до истите.
За примање маркетинг нотификации со новости, промотивни понуди и персонализирани содржини врз основа на избрани интереси, користиме правен основ – изречна согласност од корисникот при најава на апликацијата. Изборот на оваа можност е опционален односно незадолжителен и преку едноставно подесување во самата апликација корисниците можат да преминат од една во друга категорија корисници (зависно дали сакаат да добиваат маркетинг нотификации или не). Корисниците имаат право во секое време да ја повлечат својата согласност односно да се отпишат од маркетинг нотификациите на брз и едноставен начин, преку поставките во апликацијата.
Извор на лични податоци се самите субјекти – корисници на апликацијата и пациенти кај Контролорот, кои самостојно ги внесуваат при регистрација во мобилната апликација, како и податоците кои истите ги даваат при посета на нашата лабораторија со цел извршување на лабораториски услуги. Дел од податоците се преземаат од платформата Мој Термин со која нашиот лабораториски софтверски систем Pinga е поврзан.
Овие податоци ги користиме единствено за утврдените цели на обработка, а секогаш во корелација со прописите за заштита на личните податоци и едновремено со применување на сите начела за заштита на личните податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци. Обработката на овие податоци е детално опишана Изјава за заштита на правата на пациентите достапна на веб страницата на АВИЦЕНА лабораторија.
Категории на корисници на лични податоци
Обработката на личните податоци во процесите на АВИЦЕНА лабораторијa се извршуваат од страна на вработени лица кои се одговорни и овластени за вршење на овие услуги.
Не споделуваме податоци за Вас или за Вашата посета на нашата мобилна апликација на трети лица, освен во случај на ангажирање на даватели на услуги, кои ги ангажираме како обработувачи во согласност со Законот за заштита на личните податоци, единствено само доколку обезбедуваат гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки на таков начин на кој обработката на личните податоци ќе се одвива во согласност со овој закон и дека обезбедуваат заштита на Вашите права или по барање на правосудните или други надлежни државни органи, институции и други субјекти и тела за вршење на нивните надлежности и тоа само во случај ако постои законски основ.
Време (рок) на чување на собраните податоци
Податоците за профилот, односно податоците кои ги внесувате при регистрација за користење на мобилната апликација ги чуваме се додека имате активен профил.
Податоците на неактивните профили, во случај на неактивност подолга од 2 (две) години, автоматски трајно се бришат.
Мобилната апликација Avicena Mobile овозможува увид во претходно извршени лабораториски анализи 1 (една) година наназад од денот на верификување на профилот на корисникот и 5 (пет) години од денот на верификација на профилот.
Одјавата од апликацијата се врши преку таб “Одјава” а корисниците кои понатаму не сакаат да ја користат апликацијата имаат на располагање опција „Избриши профил“. По бришење на профилот податоците за профилот се бришат и пристапот преку мобилната апликација е оневозможен.
Корисикот може да одлучи да користи опција за пристап до апликацијата со помош на биометриски податоци (fingerprint и face recognition), доколку таа опција е поддржана од неговиот терминален уред. Ваквите биометриски податоци се чуваат исклучиво локално на уредот доколку Корисникот ги активира, а Контролорот нема пристап до биометриски шаблони и не врши обработка на истите.
Укажуваме дека со бришење на профилот, пациентите не го губат пристапот до самите лабораториски резултати, кој е овозможен на други начини (преку веб страната на контролотор, преку е-маил или во хартиена форма), како што е детално опишано во Изјавата за заштита на правата на пациентите објавена на веб страницата на АВИЦЕНА лабораторија. Во објавената Изјава опишан е и рокот на чување на резултатите, кој не зависи од активноста на профилот на мобилната апликација.
Безбедност на обработката на личните податоци
АВИЦЕНА лабораторија настојува секогаш да применува најсовремени технолошки решенија, со примена на технички и организациски мерки, кои обезбедуваат ниво на безбедност на обработката соодветно на ризикот, а со цел Вашите лични податоци да бидат заштитени од неовластена обработка или пак нивно губење, оштетување или уништување.
Пренос на лични податоци
Личните податоци што ги собираме за Вас не се пренесуваат во земји членки на Европската Унија (ЕУ) или Европскиот економски простор (ЕЕП) ниту во други земји кои не се членки на ЕУ и ЕЕП.
Кои се Вашите права?
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие имате право:
- да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- на пристап до личните податоци;
- на исправка и бришење на личните податоци;
- на право на преносливост на податоците;
- на ограничување на обработката на личните податоци;
- на приговор.
За дополнителни информации или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци на:
- e-mail: kuzmanovska@tjlaw.com.mk,
- телефонски број 072 320 584.
Надлежен орган за надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија, како и заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци – www.azlp.mk.
Доколку сметате дека обработката која ја вршиме на Вашите лични податоци ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
За повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци која ја вршиме Ве упатуваме на нашата Изјавата за заштита на правата на пациентите и обрасците за остварување на Вашите права, достапни на нашата веб страна www.avicenalab.com.mk.
Измена на Политиката на приватност
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата апликација. Измените на Политиката за приватност стапуваат на сила веднаш по објавата на нашата апликација. Корисникот ја прифаќа промената на оваа политика за приватност пред или со самото продолжување на користењето на мобилната апликација.
Со почит,
ПЗУ АВИЦЕНА лабораторија
