КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година.
Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Најчести симптоми се: покачена телесна температура (38⁰C), треска, кашлица, замор и губиток на здив, а се јавуваат и болки во телото, малаксалост, болки во грлото, губење на чувство за мирис и вкус, главоболка, дијареа, гадење, повраќање, губење на апетит и др.
Периодот на инкубација вообичаено е од 2 до 14 дена.
Коронавирусот се шири главно од лице на лице по капков пат. Капките што се создаваат кога заразеното лице кашла или кива може да слетаат во устата или носот на луѓето што се во непосредна близина, или може да се вдишат во белите дробови.
Може да се шири и од контакт со заразени површини или предмети. На пример, едно лице може да добие COVID-19 со допирање на површина или предмет на кој го има вирусот и потоа со допирање на сопствената уста, нос или евентуално контакт со очите.