По - Пт: 07:00 - 19:30 / Саб: 07:00 - 14:00
Авицена Лабораторија поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013
Авицена Лабораторија е една од првите лаборатории на нашите простори која се здоби со Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013.
Акредитацијата на специјалистичко дијагностичката лаботаторија беше спроведена од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, кој е членка на ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (International Accreditation Forum) од страна на Меѓународна комисија.
Ова претставува уште една алатка за објективна проценка и дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати, а со ова Авицена Лабораторија уште еднаш потврди дека ги задоволува барањата предвидени со националните, европските и меѓународните стандарди, и сите дополнителни барања, потребни за вршење на специфична лабораториска дејност.
Авицена Лабораторија е дел од програмата EQAS ( External Quality Assurance Services) за редовна месечна надворешна контрола.
Авицена Лабораторија има воспоставено Систем за одржување на квалитетот со кој се осигурува дека се запазуваат задолжителните и светски прифатените стандарди во лабораториската медицина.
Секојдневно, рутински се извршува редовна внатрешна контрола на сите автоматизирани лабораториски системи. Исто така, лабораторијата е дел и од неколку програми за редовна надворешна контрола на квалитет на медицински лаборатории, преку целата година, по прецизно и строго определени временски интервали од неколку странски институции:
– INSTAND e.V Германија за микробиолошки анализи и тоа: комплетна бактериологија со идентификација и осетливост, паразитологија, микологија, серологија и интерпретација на резултатии и UK NEQAS Microbiology (United Kingdom National External Quality Assessment Service), за дополнителни бактериолошки анализи со идентификација, осетливост и интерпретација на резултати.
– INSTAND e.V Германија, за дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати од областа на биохемија, имунологија, хематологија, цитологија, хемостаза, јонометрија.
Програмите за надворешна контрола за работата и перформансите на една лабораторија се прифатени низ целиот свет, како неопходна алатка за објективна проценка.
На овој начин се постигнува дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати.
Како лидери во креирањето на системи за надворешна контрола, NEQAS програмите се акредитирани со цел да одговараат на сите стандарди задолжителни за една клиничка лабораторија.