Тестови за COVID-19

  • Молекуларен Real-time PCR тест за COVID-19 (за едно лице)

         2.000,00 ден. 

  • Молекуларен Real-time PCR тест за COVID-19 (за две лица) 

          1.800,00 ден. (цена по лице)

  • Молекуларен Real-time PCR тест за COVID-19 (за 3 или повеќе лица) 

          1.600,00 ден. (цена по лице)

  • Ултрабрз молекуларен PCR тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2 (за едно лице) 

Резултати за само 1 час

         4.500,00 ден.

  • Ултрабрз молекуларен PCR тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2 (за две лица)

Резултати за само 1 час

         4.000,00 ден. (цена по лице)

  • Multiplex Real-time PCR тест за истовремена детекција на вирусите SARS-CoV-2, Influenza A и B и RSV

          3.000,00 ден.

Молекуларниот тест преставува златен страндард во тестирањето, бидеќи со помош на молекуларни  техники, се врши детекција на присуство на самиот вирус, дури и само секвенца од РНК на самиот вирус. Тестот кој се работи во Авицена Лабораторија е:

►       Високопрецизен Real-time PCR тест за детекција на самиот вирус SARS-CоV-2

►       CE-IVD сертифициран тест и валидиран за комплетно автоматска изработка

►       Единствен тест кој врши истовремен скрининг и конфирмација на четири таргет гени од вирусот, со вклучена внатрешна контрола

►       Во согласност со светските нормативи и препораките од WHO, US CDC, Ch-CDC

Потребен примерок:

Назофарингеален / орофарингеален брис за молекуларен тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2

  • IgМ+IgA и IgG антитела кон COVID-19 

          1.800,00 ден.

  • IgG антитела по прележана болест 

           1.200,00 ден.

  • IgG антитела по вакцинација

          1.200,00 ден.

Имунолошките тестови во Авицена Лабораторија е CЕ-сертифицирани и се работат на целосно автоматски имунолошки анализатор. За разлика од брзите тестови, резултатот кој се добива е точна, нумеричка концентрација на присутните антитела, а тестот има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.

Мерењето на концентрацијата на IgM, IgA и IgG антителата имаат важност кај:

– ДИЈАГНОЗА ВО РАНА ФАЗА НА ЗАБОЛУВАЊЕТО

Појавата на антитела значи дека организмот бил во контакт со вирусот и се активирал имунолошкиот систем на организмот. Вообичаено, први се јавуваат IgM и IgA антителата, околу 5-7 дена по контактот со вирусот, а IgG антителата околу 14 дена од контактот со вирусот. Со мерењето на концентрацијата и на IgA антителата, дополнително се зголемува клиничката сензитивност на тестот.

ОТКРИВАЊЕ НА АСИМПТОМАТСКИ ПАЦИЕНТИ

Ќе се откријат лицата кои немаат или немале никакви симптоми, а биле во контакт со вирусот.

СЛЕДЕЊЕ НА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА и ФАЗА ВО КОЈА СЕ НАОЃА БОЛЕСТА

ПРОГНОСТИЧКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА

Постојат клинички студии кои наведуваат дека значително зголемена концентрација на двата типа антитела се поврзува со полош тек на болеста и полош исход.

СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

Детекција на IgG антитела, при негативен молекуларен тест укажува дека веројатно сме биле во контакт со вирусот во минатото или сме ја прележале инфекцијата без симптоми.

СЛЕДЕЊЕ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ДЕЛ ОД ПОПУЛАЦИЈАТА НА ВИРУСОТ (пр.здравствени работници)

Со овие тестови се дава можност за тестирање на дел од популацијата, заради информацијата дали лицата биле во контакт со вирусот, дали имаат заштитни антитела по прележана болест или вакцинација и сл.

МОЖНОСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАЗМА ЗА ТЕРАПЕВТСКИ ЦЕЛИ ОД ПАЦИЕНТИ СО ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

Концентрацијата на антитела во крвта на пациенти кои ја прележале болеста е клучна за да се направи селекција на пациенти кои се погодни донори на конвалесцентна плазма, со која би се лекувале болните од COVID-19.

Потребен примерок:

Назофарингеален / орофарингеален брис за молекуларен тест за детекција на вирусот COVID-19

 –  Венска крв за имунолошки тест преку крв, за одредување концентрација на IgM +IgA и IgG антитела кон вирусот COVID-19

Тест за концентрација на IgM+IgA Тест за Концентрација на IgG ИНТЕРПРЕТАЦИЈА
негативен

 

негативен Се исклучува постоење инфекција или е во тек на инкубација  („window” период)
позитивен негативен Рана фаза на инфекција
позитивен позитивен Активна фаза на инфекција, доцна фаза на инфекција или опоравување
негативен позитивен Доцна фаза на инфекција / мината инфекција / повторена инфекција/ спроведена вакцинација

  • Брз антигенски тест за COVID-19

          900,00 ден.

Овој тест е од реномираниот светски производител Siemens Healthcare Diagnostics и служи за откривање нуклеокапсидниот протеински антиген на SARS-CoV-2 од назофарингеален брис. Антигенот се детектира кај примероците од горните дишни патишта за време на акутната фаза на инфекција, а тестот може да служи и за скрининг на асимптоматски индивидуи.

Овој тест се одликува со висока специфичност од 99,22% и е одобрен тест за патување според листата на Светската Здравствена Организација, во земјите каде е одобрен влез со ваков тип на тест.

Брзиот антигенски тест се прави без закажување, на следните локации:

Локација 1 (нас. Тафталиџе)

Понеделник – Петок 07.00-19.00 часот

Сабота 08.00-14 часот

Недела 08.00-13.00 часот

Локација 3 (Тетово)

Понеделник – Петок 07.00-14.00 часот

Сабота 07.30-14.00 часот

Цена: 900 денари

Резултати: За 30 минути, со превод на англиски јазик

Резултатите се достапни и преку апликацијата на CommonPass

ВАЖНА НАПОМЕНА!

❗ПРИ ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИ ЗА  COVID-19 КАЈ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ПРИЛОЖУВАЊЕ НА БИЛО КАКОВ ДОКУМЕНТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА ( ПАСОШ или ЗДРАВСТВЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА)❗

 

COVID-19 тестирања се вршат само на следните локации:

📍Локација 1 (нас. Тафталиџе)

        Понеделник – петок 07.00 – 19.00 часот

        Сабота од 07.00-14.00 часот

        Недела 08.00-13.00 часот

📍Локација 3 (Тетово)

      Понеделник – петок 07.00 – 14.00 часот

        Сабота 07.30 – 12.00 часот

Закажувањето е задолжително на тел. броеви:

071/278-529,  078/218-731,  071/269-623 и 072/319-850

При посетата на лабораторија за тест за COVID-19, задолжително треба да се пополни „Прашалник за пациенти за тест за COVID-19″ со сите барани податоци. Прашалникот можете да го преземете со клик на линковите во продолжение:

Прашалник за пациенти (на македонски јазик)

Прашалник за пациенти (на англиски јазик)

 

ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ:

  • Резултатите од PCR тестовите за COVID-19 се издаваат истиот ден (доколку примерокот е земен по 18.00 часот, резултатот се издава следниот ден).
  • Кај ултра брзиот молекуларен PCR тест за COVID-19, резултатот е готов за само 1 час.
  • Кај брзиот антигенски тест, резултатот е готов за 30 минути.

 

ЛАБОРАТОРИЈАТА РАБОТИ НЕПРЕЧЕНО СО СИТЕ ПАЦИЕНТИ И ГИ ПРУЖА СИТЕ ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ, ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛОТО РАБОТНО ВРЕМЕ.

ПАЦИЕНТИТЕ СО COVID-19 МОЖЕ ДА ГИ НАПРАВАТ СИТЕ ПОТРЕБНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ВО ДЕЛОТ ЗА COVID-19 (ВЛЕЗ-2), СО ПРЕТХОДНО ЗАКАЖУВАЊЕ НА 071/278-529,  078/218-731,  071/269-623 и 072/319-850

Авицена Лабораторија, во услови на пандемија на COVID-19 на глобално ниво и  во интерес на заштита на здравјето на вработените, здравјето на пациентите и јавното здравје, секојдневно ги презема сите неопходни мерки согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, за спречување на ширење на оваа болест.