За SARS-CoV-2

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година.

Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Најчести симптоми се: покачена телесна температура (38⁰C), треска, кашлица, замор и губиток на здив, а се јавуваат и  болки во телото, малаксалост, болки во грлото, губење на чувство за мирис и вкус, главоболка, дијареа, гадење, повраќање, губење на апетит и др.

Периодот на инкубација вообичаено е од 2 до 14 дена.

Коронавирусот се шири главно од лице на лице по капков пат. Капките што се создаваат кога заразеното лице кашла или кива може да слетаат во устата или носот на луѓето што се во непосредна близина, или може да се вдишат во белите дробови.

Може да се шири и од контакт со заразени површини или предмети. На пример, едно лице може да добие COVID-19 со допирање на површина или предмет на кој го има вирусот и потоа со допирање на сопствената уста, нос или евентуално контакт со очите.

Локација 1 - Скопје

Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје
+389 2 3179 001
lab@avicenalab.com.mk
Понеделник-Петок: 07:00-19:30 | Сабота: 07:00-14:00 (до 19:00 само за COVID-19)

Локација 2 - Скопје

Бул. Јане Сандански бр. 48, 1000 Скопје
+389 2 2477 345
lab2@avicenalab.com.mk
Понеделник - Петок: 07:00 - 14:00 | Сабота: 08:00 - 14:00

Локација 3 - тетово

Бул. Благоја Тоска бр.222, 1200 Тетово
+389 44 355 550; +389 44 355 551
labtetovo@avicenalab.com.mk
Понеделник - Петок: 07:00-14:00 | Сабота: 08:00 - 14:00