0%
Loading ...

Детско катче

Во склоп на нашата лабораторија во Скопје, населба Тафталиџе отворивме комплетно нов, уникатен простор за прием на дечиња, со цел подобрување на корисничкото искуство и овозможување на квалитетна грижа за здравјето на нашите најмали клиенти.

Новото детско катче се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“. Просторот е целосно реновиран, преуреден и уникатно дизајниран, се состои од приемен дел, чекална и две простории наменети за земање примероци и друг материјал исклучиво за дечиња и трудници. Со ова се овозможува децата да имаат посебен интерактивен простор само за нив.