За нас

Основната активност на Авицена специјалистичка дијагностичка лабораторија е унапредување на човековото здравје, со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови, од различни области на медицината: клиничка биохемија, микробиологија, ендокринологија, имунологија, трансфузиологија, молекуларна биологија и сл.

Со својот искусен тим, кој поседува високи професионални и етички вредности, Авицена Лабораторија нуди комплетна и сеопфатна дијагностика и секогаш држи чекор со најновите светски медицински трендови. Авицена Лабораторија е комплетно посветена на постојано одржување на квалитетот на работа на највисоко ниво.

Постојаната контрола на квалитет е од фундаментално значење и процесот на работа е постојано во склад со највисоките техничко-технолошки, административни, како и лабораториско-медицински стандарди.

Денес, Авицена Лабораторија се наоѓа на 3 локации во нови, современи и лесно пристапни објекти, целосно ориентирани на барањата и потребите на пациентите од сите категории (деца, возрасни, пациенти со инвалидитет).

1. Авицена Лабораторија (нас.Тафталиџе) со површина од над 500m2, а од неодамна надополнета со уште поголема микробиолошка лабораторија од над 200m2 со целосно автоматизирана опрема за микробиолошка и молекуларна дијагностика.

 

2. Авицена Лабораторија (нас. Аеродром) е со површина од над 160m2.

 

3. Авицена Лабораторија (Тетово)со површина од над 200m2.

 

  • Во чекор со светската понуда, нудиме сеопфатна и комплетна дијагностика, од високо специјализирани кадри, со врвни професионални и етички вредности
  • Постојана контрола на квалитетот, сериозен пристап кон процесот на работа и постојан мониторинг и документација
  • Изработка на анализите во најкус можен рок, со можност за директно преземање на резултатите од веб страната со најава или испраќање на истите по e-mail
  • Организирано земање на материјали во ординации, болници, Вашиот дом
  • Можност за изработување на итни анализи*

*во зависност од времето потребно за изведување на анализите

ПЗУ Авицена Лабораторија има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат- образец ЛУ-1, издаден од избран лекар од примарната здравствена заштита. Пациентот го остварува правото да ги изработи овие анализи на товар на фондот, исклучиво со валиден упат од матичен лекар.

Само лабораторијата на локација бул. 8 Септември бр.2 (Комплекс Македонија, зад Веро 2 Тафталиџе) има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ.

Тимот на Авицена Лабораторија се состои од над 120 вработени меѓу кои:

  • 3 доктори специјалисти по медицинска биохемија
  • 2 доктори специјалисти по микробиологија и паразитологија
  • 2 доктори по медицина
  • 2 молекуларни биолози
  • 26 дипломирани инженери по биохемија
  • 50 медицински лаборантски техничари
  • 5 дипломирани економисти
  • 30 лица административен персонал

Континуираната медицинска едукација на персоналот, редовното учество на стручни состаноци, конгреси, семинари во земјата и во странство, се дополнителен придонес за успехот и континуираниот развој на Авицена Лабораторија. Нашиот тим постојано врши консултации со водечките специјалисти во одредени области, со цел заедничка размена на искуства и ширење и унапредување на знаењето од различни области на медицината.