Лабораториски анализи кај Covid-19

Пациентите со COVID-19 можат да ги направат сите потребни лабораториски анализи во текот на лекувањето, во делот за COVID-19 кој е одвоен од останатиот дел на лабораторијата.

Анализите се прават само со претходно закажан термин на:

071/278-529 | 078/218-731 | 071/269-623 | 072/319-850

Оваа услуга е достапна во следните лаборатории:

Населба Тафталиџе во Скопје (локација 1), секој работен ден и сабота од 07.00 до 19.00 часот

Тетово (локација 3), од понеделник до петок од 08.00-14.00 часот, во сабота од 08.00-13.00 часот.

Суштинската улога на клиничките лаборатории во оваа пандемија не е само во тестовите за детекција на самиот вирус, туку и во следење на пациентите во секоја фаза на заболувањето.

Биохемиското следење на пациентите со COVID-19 со лабораториски тестови е клучно за проценка на сериозноста и прогресијата на болеста, како и за следење на третманот. Одредени лабораториски тестови се поврзани со неповолна прогресија на COVID-19 и даваат важни прогностички информации.

Подолу е вклучена препорачана листа за лабораториски тестирања заснована на тековната литература (International Federation of Clinical laboratories IFCC) заедно со главните лабораториски абнормалности, кај возрасни пациенти со COVID-19.

Посебно е важно да се истакне дека покрај најчестите рутински лабораториски тестови, новите докази сугерираат дека пациентите со тежок COVID-19 може да бидат изложени на ризик од синдром на цитокинска бура.

Тестовите за цитокини, особено тестот IL-6, треба да се користат каде што е можно за да се процени состојбата кај тешко болните пациенти со COVID-19.

ЛАБОРАТОРИСКА АНАЛИЗАНајчести ОТСТАПУВАЊА кај COVID-19
Комплетна крвна сликаЗголемен број на неутрофили (леукоцитоза со неутрофилија) Намален број на лимфоцити Намален хемоглобин Намален број на тромбоцити
CRP ( Ц-реактивен протеин)Зголемување – маркер за воспаление
ASAT, ALATЗголемување –ензими за функција на црниот дроб
LDHЗголемување – маркер за црниот дроб или мултиорганско зафаќање
Уреа, КреатининЗголемување- маркери за бубрежна функција
Вкупен билирубинЗголемување –зафаќање на функција на црн дроб
АлбуминНамалување – зафаќање на функција на црн дроб
Д-димерЗголемување – знак за активација на системот за коагулација
PT, aPTTЗголемување - знак за активација на системот за коагулација
ПрокалцитонинЗголемување – маркер на бактериска инфекција (суперинфекција), диференцијација помеѓу вирусна или бактериска инфекција
ФеритинЗголемување – маркер на воспаление
Интерлеукин 6 (IL-6)Зголемување – маркер за воспаление, предиктор на цитокинска бура
Срцев Тропонин, CK-MBЗголемување – маркер за оштетување на срцевиот мускул
Гасни анализиЗа проценка на оксигенација и прилагодување на вентилација

Важна напомена: Секој лабораториски резултат треба да се толкува во склоп со клиничката слика и наоди од други дијагностички методи.

Задолжително консултирајте се со Вашиот лекар во врска со Вашата здравствена состојба, толкување на резултатите, симптомите и третманот.

Локација 1 - Скопје

Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје
+389 2 3179 001
lab@avicenalab.com.mk
Понеделник-Петок: 07:00-19:30 | Сабота: 07:00-14:00 (до 19:00 само за COVID-19)

Локација 2 - Скопје

Бул. Јане Сандански бр. 48, 1000 Скопје
+389 2 2477 345
lab2@avicenalab.com.mk
Понеделник - Петок: 07:00 - 14:00 | Сабота: 08:00 - 14:00

Локација 3 - тетово

Бул. Благоја Тоска бр.222, 1200 Тетово
+389 44 355 550; +389 44 355 551
labtetovo@avicenalab.com.mk
Понеделник - Петок: 07:00-14:00 | Сабота: 08:00 - 14:00