0%
Loading ...

Општествена одговорност

Овозможување на врвна здравствена услуга со цел унапредување на човековото здравје е наш приоритет. Како компанија цел ни е да се грижиме и да го унапредуваме здравјето и квалитетот на живот на сите припадници во заедницата од која сме дел, вклучувајќи ги и нашите вработени и нивните семејства, нашите клиенти и сите останати припрадници на општеството.

\

Соработки со здруженија за донација на храна и топли оброци

Реализирани повеќе донаторски и волонтерски акции со Здружение СИТЕ СИТИ, НАХРАНИ 10.000 и Ретвитни оброк за донација и готвење на топли оброци за најранливи категории на граѓани.

\

Донации на клупи и канти за отпадоци

Реализирани две донации во Тетово. Првата донација кон градот Тетово со клупи и канти за отпадоци. Втората донација реализирана во 2022 година кон училиштето Братство Миѓени.

\

Донација на Авицена Лабораторија - 5000 бесплатни RT Rеаl-Time PCR лабораториски анализи за COVID-19

Најголема донаторска акција во време на криза и COVID пандемија кога Авицена Лабораторија донираше 5.000 бесплатни RT Real Time-PCR лабораториски анализи за коронавирус (COVID-19), проект што се реализира во соработка со Министерството за здравство и Здравствениот дом Скопје.

\

Учество на хуманитарни настани

Авицена Лабораторија во декември 2018 година веше спонзор на хуманитарниот настан „Чоколадна аукција - Чоколаден спектар“.Сите собрани средства од овој хуманитарен настан беа донирани за стартување на првиот во регионот Центар за аутизам во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија.

\

Новогодишна донација кон Клиниката за детски болести

Во декември 2018 година, Авицена Лабораторија се приклучи на хуманитарната иницијатива „Биди и ти нечиј Дедо Мраз“, со која беа исполнети новогодишни желби на децата од одделот за онкологија и хематологија на Клиниката за детски болести, како и обезбедени играчки за децата со аутизам.

\

Учество на RUN FOR DOWN

Авицена Лабораторија во март 2019 година учествуваше на хуманитарната трка „Run For Down“ организирана во чест на децата со Даунов Синдром. Собраните средства се бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром.