Кариера


Нашите досегашни постигнати резултати се резултат на почитувањето, довербата и тимската работа меѓу сите наши вработени. Овие основни принципи го обликуваат нашиот позитивен работен амбиент, промовирајќи кохезија и соработка во тимот.
Ние делуваме со цел да придонесеме за иднината, да оставиме позитивно влијание врз идните генерации и да создаваме лидери во нашата област.
Секој наш вработен го цениме како посебна индивидуа со уникатни вештини, кои ги инкорпорираме во еден тим со заедничка цел, пристап и ентузијазам за учество во организацијата. Максимално го поддржуваме професионалниот развој на секој член преку разни канали за обука и кариерен напредок.“
Отворени работни позиции

Медицински лабораториски техничар Скопје
Прочитајте подетално за нас
ПЗУ Авицена Лабораторија една од водечките приватни дијагностички лаборатории во Северна Македонија, со долгогодишна традиција, современ пристап и силна посветеност кон здравјето на пациентите. Како една од првите приватно регистрирани специјалистички дијагностички лаборатории во земјата, лабораторијата обезбедува широк спектар на анализи од областа на клиничка биохемија, микробиологија, имунологија, ендокринологија, молекуларна дијагностика и други специјализирани испитувања.
Со искусен и стручен тим, високи професионални и етички стандарди и постојано вложување во нова технологија, Авицена Лабораторија континуирано ги следи светските медицински трендови. Фокусот е насочен кон точни и брзи резултати, врвна услуга и индивидуален пристап кон секој пациент.
Денес, Авицена Лабораторија располага со повеќе модерни и лесно достапни локации, создадени за удобност и доверба на пациентите, останувајќи верен партнер во грижата за здравјето веќе две децении

