Опис на работната позиција:
Хигиеничарот е одговорен за одржување на високо ниво на хигиена во лабораториите и деловниот простор на работодавачот.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено средно образование
- Работно искуство како хигиеничар ќе се смета за предност
- Посветеност и високо ниво на доверливост и етика
Работни одговорности:
- Ги чисти и одржува просториите во лабораторијата ( чекална за пациенти, простории за земање на примероци, гардероби, тоалети, просторот околу објектот и деловните канцеларии);
- Води редовна и навремена евиденција за извршеното чистење;
- Одговорен е за навремено планирање и пријава на потреба од набавка на опрема и средства за хигиена;
- Постапува согласно интерни процедури за набавка на материјално технички средства;
- Врши други работни задачи како дел од работниот процес значајни за компанијата како и други работни задачи по налог на работодавачот во делокругот на работењето.
Услови за работа:
- Работа во стабилна и организирана работна средина
- Работна околина според највисоки хигиенски и безбедносни стандарди;
- Можност за долгорочен ангажман и професионална стабилност
- Поддршка од тимот и позитивна работна атмосфера
Работно време од 40 часа неделно, согласно интерната организација и работното време на компанијата.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Хигиеничар” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 10 (десет) работни дена, односно најдоцна до 20.11.2026 година.