За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок (на празен стомак) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето на крвта доведува до пораст на концентрацијата на гликоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.
ВАЖНА НАПОМЕНА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ КОИ ЗЕМААТ ВИТАМИНСКИ ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА!
Доколку земате витамински додатоци од групата на б витамини, а потребно е да направите анализи на хормони, тумор маркери и сл., потребно е да го прекинете внесот на овие додатоци (витамини) 7-10 дена пред посетата во лабораторија, заради можни влијанија врз лабораториските анализи.
Еден ден пред лабораториските анализи:
– Треба да консумирате лесна храна (најдобро варена, не пржена, не скара);
– Храната да не е богата со масти и шекери (мајонез, овчо сирење или кашкавал, јагнешко или свинско месо, чоколади, парени колачи, торти);
– Последниот оброк да не е обилен и да е најдоцна до 18 часот;
Пред да дојдете во лабораторијата за земање на крв за изработка на анализи:
– Треба да бидете гладни 10 – 12 часа
– Не треба да консумирате било каква храна, кафе, чај, алкохол, цигари;
– Можете да пиете вода (по потреба);
Пред вадењето на крвта
– Треба да се избегнува физичка активност, затоа што влијае на зголемувањето на нивоата на поединечни ензими ( пр. CK и LDH ).
– ЗАДОЛЖИТЕЛНО ИНФОРМИРАЈТЕ ГО МЕДИЦИНСКОТО ЛИЦЕ ДОКОЛКУ ЗЕМАТЕ НЕКАКВА ТЕРАПИЈА, ДУРИ И ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА.
Треба да се знае дека вадењето на крв за пролактин, кортизол, ACTH, катехоламини, мора да се изведува во состојба на потполна релаксација и мирување (лежење) од 20 – 30 минути. Ова се хормони кои покажуваат изразено дневно варирање т.е. време и профил за вадење на крв и нивното испитување треба да го одреди самиот лекар.
За пациентите кои се на ОРАЛНА АНТИКОАГУЛАНТНА ТЕРАПИЈА се препорачува вадење на крв во утринските часови и земање на вообичаената терапија после вадењето на крвта. Ова важи и за пациентите кои се на било која хронична терапија.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со Вашиот лекар, земањето крв треба да се врши после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот ) – ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.
За преглед на урината и/или уринокултура неопходно е да се земе, после лична хигиена ( тоалета со топла вода и сапун ), првата утринска урина ( среден млаз ) во стерилен сад и во најкраток можен рок да се донесе во лабораторија. Ако не сте во можност да дојдете веднаш, урината може да се стави во фрижидер. Прегледот на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.
За анализи при кои се одредува 24h урина (целодневна) треба да испиете 6 до 8 чаши вода ( околу 1.5 L ). Урината може да ја собирате во чисто пластично шише ( најдобро од флаширана вода ). Првото утро на собирање на урината (пример во 8 часот наутро) најпрво комплетно испразнете го мочниот меур, ФРЛЕТЕ ја таа урина и забележете го времето.
Собирајте ги СИТЕ примероци на урина во текот на денот и ноќта. Точно 24 часа од почетокот на собирањето (пример 8 часот следниот ден) комплетно испразнете го мочниот меур и целата урина додајте ја целосната собирана количина. Овој последен примерок ја комплетира Вашата 24 часовна урина.
Тестот на оптеретување со глукоза се прави во лабораторија, во траење од 120 – 180 минути (во зависност од протоколот кој го барал Вашиот лекар). За време на изведувањето на самиот тест пациентот треба да мирува, не може да јаде, пие и пуши. Неколку дена пред изведувањето на тестот пациентот треба да е на урамнотежена исхрана и не би требало да се изложува на поголеми физички напори. Би требало да се прекине со земање на поедини лекови кои влијаат на метаболизмот на гликоза ( пр. кортикостероиди ), но само во договор со лекарот.
Сите примероци треба да се земаат пред започнување на антибиотска терапија или неколку дена по прекинот на истата ( најмалку 48h).
- Урина:
- За уринокултура: Подготовката за давање на урина за уринокултура е особено значајна. Потребно е миење на надворешните гениталии со млака вода и сапун. Потоа кожата се суши, без мачкање со било какви креми.
Во стерилен сад се зема исклучиво средниот млаз, при што е доволно чашата да се наполни до една третина од нејзиниот волумен.
Кај децата исто така е пожелно да се обезбедат услови да можат да мократ директно во стерилниот сад, но ако тоа не е можно, исто така треба да се направи хигиена на надворешните гениталии, да се стави специјално дизајнирана среилна ќесичка и да се контролира кога детето мокрело. Тогаш треба да се тргне ќесичката и да се донесе во лабораторијата.
Најдобро е примерокот на урина да се земе наутро (прва утринска урина). Доколку тоа не е возможно, може да се земе во било кој друг период од денот доколку претходно пациентот не мокрел најмалку 4 часа.
Примерокот за уринокултура треба што побрзо да се достави во лабораторијата во рок од 2 часа или да се чува во фрижидер додека да се однесе во лабораторија.
Доколку хигиената на гениталиите не е добро извршена или ако урината стоела долго време на собна температура на подлогата ќе има мешана бактериска флораи од околните региии и таа ќе мора да биде повторена со почитување на правилата за земање урина за уринокултура.
- За испитување на присуство на хламидија, потребно е да се даде првата утринска урина (првите неколку капки). На тој начин се собираат епителните клетки од уретрата во кои се наоѓаат овие микроорганизми.
- За испитување на присуство на микоплазма и/или уреаплазма во урината треба да се собере средниот млаз од првата утринска урина.
- Брис од уретра:
При сомнеж на уретритис било да е презивикан од бактерии, хламидија, микоплазма или уреаплазма, се зема уретрален брис и тоа наутро пред мокрењето, а ако тоа не е можно, тогаш кога било во текот на денот, но така да помеѓу последното мокрење и земањето на брисот да поминат најмалку 2 часа.
- Брис од фаринкс (грло) треба да се зема наутро, пред миење на забите или земање на храна и вода. Доколку мора да се земе во текот на денот, потребно е да поминат барем 2h од последното земање на храна и пијалоци.
- Брис од нос треба да се зема пред примена на антибиотска терапија..
- При земањето брис од грло и нос кај деца, родителите треба да го држат детето во скут, едната рака да се стави преку двете негови раце, а другата рака да му ја стават на чело и така да се придржува главата додека стручното лице му зема брисеви.
- Искашлок (sputum) за микробиолошка анализа најдобро е да се зема , пред започнување со антибиотска терапија, се зема наутро кога искашлокот е најпродуктивен, или во секое време ако:
- Устата претходно се исплакне со обична вода, која се плука, а потоа пациентот длабоко искашлува што повеќе искашлок во стерилен сад.
Паралелно со анализата на спутумот препорачливо е да се направи и брис на усната шуплина.
– Брис од уста се зема со стерилен брис со пребришување на букалната слузница, а пред примена на било какво дезинфекционо средство за уста најмалку неколку часа.
- Брис од конјунктива (очи) се зема наутро пред миење на очите.
– Брис од конјунктива за испитување присуство на хламидија се зема исто така наутро, пред утринска тоалета, со сув брис со поагресивни движења за да се земат епителни клетки.
- Брис од уво се зема пред ставање на антибиотски или антисептични средства.
- Примерок од кожа се зема пред ставање на антибиотски или антисептични средства на промената. Доколку е веќе започната локална апликација на секаков вид крема/маст, потребно е да поминат најмалку 24ч до земање на примерок.
- Фецес за копрокултура треба да се донесе во рок од 2 часа од земањето на примерокот во домашни услови.
- Фецес за испитување за паразити и протозои се зема во домашни услови во стерилен сад за таа намена. Се препорачува да се земат три последователни примероци кои може да се донесат задно сите три чувани на темепература од 2-8ºС.
- Целофански брис (за Enterobius vermicularis) се зема со користење на лепливата проѕирна лента од стакленцето кое можете да го земете од нашата лабораторија.
Лепливата лента се залепува на аналните набори рано наутро, пред станување од кревет. Потоа истата се залепува повторно на стакленцето.
- Генитални брисеви:
– -Вагинални и цервикални брисеви, брисеви од вулва и брис од ректум/перинеален/вагинален брис за стрептокок од група Б ги зема гинеколог (пациентката не би требало да има сексуални односи 24 часа пред земањето на брисевите).
- Спермокултура
- За спермокултура пациентот пред давање на примерок од сперма треба да направи локална тоалета на генитални органи со млака вода и сапун и да уринира. На крај се собира примерокот сперма за спермокултура. На овој начин се избегнува контаминација на примерокот со локалната микрофлора.
- Препорака: Најдобро е спермокултурата да се испитува истовремено со уринокултура и брис од уретра. Редослед на земање на приемроците:
- Брис од уретра (види подготовка за „Брис од уретра“)
- Уринокултура (види подготовка за „Уринокултура“)
- Спермокултура
На овој начин се прави диференцијација на евентуалниот патоген дали потекнува од урината или од спермата.
СЕРОЛОГИЈА
Примерокот за испитување присуство на антитела во серум може да се земе во кое било време од денот. Не е потребна посебна подготовка. Серумот за IgM антитела треба да биде земен после 1 недела од појавата на симптомите a за IgG за 2 недели. Најдобро е да се направат двете анализи заедно (и IgM и IgG), после 2-рата недела.
- MonoRapidTest –е монотест (Paul Bunnell) кој ги детектира хетерофилните антитела од класа IgM. Не се препорачува кај деца под 5 год.
- Borrelia burgdorferi (Лајмска болест) – IgM антителата се зголемуваат во текот на првите 3 недели од инфекцијата и остануваат покачени околу 6 недели. IgG антителата се зголемуваат околу во периодот од околу 6 недели по инфекцијата и остануваат високи, подолго време, некогаш и повеќе години.
Обична вода најчесто е дозволена и дури се препорачува, додека кафе, чај, сокови и други пијалаци не се препорачуваат пред одредени анализи.
Терапијата не треба самостојно да се прекинува, туку пациентот треба задолжително да се консултира со лекар.
Некои лекови можат да влијаат врз резултатите, па важно е пациентот да го информира нашиот лабораториски персонал што зема.
Во најголем број случаи, да. Сепак, дали менструацијата може да влијае на резултатот зависи од видот на анализата. Кај одредени лабораториски тестови, особено хормонските и анализите поврзани со репродуктивното здравје, денот од менструалниот циклус е важен за правилно толкување на резултатите.
Доколку не сте сигурни дали треба да ја одложите анализата, консултирајте се со вашиот лекар или информирајте го лабораторискиот персонал дека имате менструација.
Препорачливо е, доколку е можно, да се избегнува давање примерок за урина за време на менструација. Крвта може да го контаминира примерокот и да влијае на одредени параметри, што може да доведе до неточна интерпретација на резултатите.
Доколку анализата е неопходна и не може да се одложи, информирајте го лабораторискиот персонал дека сте во менструација за да добиете соодветни инструкции за земање на примерокот.
Тоа зависи од видот на анализата. За одредени лабораториски испитувања е потребно да бидете гладни, додека за други не е потребна посебна подготовка.
Кога е потребно гладување, најчесто се препорачува да не јадете 8–12 часа пред земањето крв, при што можете да пиете вода. Избегнувајте кафе, сокови и други пијалаци, освен ако не сте добиле поинаква препорака.
Секогаш следете ги конкретните инструкции за анализата што ја правите.
Препорачливо е да избегнувате интензивна физичка активност непосредно пред земањето крв. Интензивното вежбање може привремено да влијае на одредени лабораториски параметри и со тоа да влијае на резултатите.
Најдобро е пред анализата да одморите и да избегнувате тежок тренинг, особено ако се прават анализи за кои физичката активност може да има значително влијание.
Да. Пушењето може да влијае на одредени лабораториски параметри, па затоа се препорачува да не пушите пред земањето крв, особено доколку анализата се прави на гладно.
За најрелевантни резултати, следете ги препораките за подготовка и избегнувајте пушење пред анализата.
Да. Голем број лабораториски анализи можете да ги направите самостојно, на сопствен трошок, без упат од лекар.
Доколку сакате анализите да бидат направени на товар на Фондот за здравствено осигурување, потребен е соодветен и валиден упат, согласно важечките правила.
Во одредени случаи, резултатите може да ги подигне друго лице, но поради заштита на личните и здравствените податоци потребно е да бидат исполнети соодветните услови за идентификација и преземање на резултатите. За точните услови и потребната документација, ве молиме контактирајте го нашиот Контакт центар на 02 3179 001.
За ваша поголема безбедност, резултатите испратени преку e-mail се заштитени со лозинка. За отворање на документот потребно е да ги внесете последните 6 цифри од вашиот матичен број.
Доколку и понатаму не можете да го отворите резултатот, проверете дали сте ја внеле лозинката правилно. Доколку проблемот продолжи, контактирајте го нашиот Контакт центар на 02 3179 001 за помош.
Да. Голем број лабораториски анализи можат да се прават и за време на бременост.
Сепак, важно е при земањето примерок да информирате дека сте бремени, бидејќи за одредени анализи бременоста може да влијае на референтните вредности и начинот на интерпретација на резултатите.
За изборот на потребните анализи и нивното толкување, следете ја препораката од вашиот лекар.
Да. Во Авицена Лабораторија се вршат голем број лабораториски анализи кај педијатриски пациенти.
При интерпретацијата на резултатите кај децата, важно е да се земат предвид возраста и другите релевантни фактори, бидејќи референтните вредности за голем број параметри се разликуваат од оние кај возрасните.
Нашиот лабораториски персонал може да ви даде информации за достапните анализи, начинот на земање примерок и потребната подготовка.
Сепак, изборот на анализи треба да биде направен во согласност со вашата здравствена состојба и потреби, а за тоа е најдобро да се консултирате со вашиот лекар. Медицинската интерпретација на резултатите исто така треба да се прави во консултација со лекар.
Секој примерок (серум) во Авицена Лабораторија се чува 7 дена, во случај за потреба за изработка на дополнителни анализи (анализи кои го дозволуваат тоа).
За барање на изработка на дополнителни анализи од вашиот серум ве молиме консултирајте се со персоналот на приемниот пулт.
