0%
Loading ...

Оглас – Медицински лабораториски техничар

Медицински лабораториски техничар Скопје

Бараме медицински лабораториски техничари, мотивирани да го надградуваат своето знаење, професионалци од областа на медицинска лабораториска дијагностика со можности за ангажман кои ќе се разгледуваат во согласност со потребите на лабораторијата.

Главни одговорности: Комуникација со пациенти и земање на материјали за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура, правилна припрема и обработка на примениот биолошки материјал.

 

Што те очекува кај нас:

  • Твојот придонес е дел од процес на обезбедување сигурни и квалитетни лабораториски резултати.
  • Стекнуваш нови знаења и се запознаваш со различни лабораториски процеси. Добиваш можности за стручно усовршување и професионален развој.
  • Работиш со колеги за кои соработката и меѓусебното почитување се важни. Лојалноста на нашите вработени кои 20 години се дел од приказната на лабораторијата се доказ за исклучителна тимска работа.
  • Имаш простор и сигурно поле да го покажеш својот потенцијал.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено соодветно средно образование со положен стручен испит и/или ВСС од соодветната област
  • Докажано работно искуство во областа се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање работа со компјутери-MS office
  • Возачка дозвола – Б категорија

 

Работни одговорности:

  • Врши прием на пациенти и правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура ( соодветно ракување и обележување);
  • Одговорен е за посета на здравствени организации со кои соработуваме, земање на материјал од пациенти и правилна дистрибуција на материјалот до соодветно место во лабораторијата;
  • Врши изработка на анализи на соодветната апаратура во лабораторијата;
  • Води уредна евиденција на медицинска документација како и евиденција во компјутерски систем;
  • Постапува согласно стандардна процедура за прием на материјал од терен;
  • Врши други работни задачи како дел од работниот процес значајни за лабораторијата како и други работни задачи по налог на работодавачот во делокругот на работењето.

 

Потребни вештини и способности:

  • Професионален и љубезен однос кон пациентите
  • Примена на знаењето и искуство во тек на работата
  • Следење на иструкции и процедури за работа
  • Способност за индивидуална и тимска работa
  • Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

 

Работно време од 40 часа неделно, распределено во 2 смени – од понеделник до петок, како и сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Медицински лабораториски техничар” или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје.

 

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.