fbpx

Тотални протеини

Тотални протеини

цена 120

За тестот:

Одредување концентрација на тотални протеини често се прави во склоп на проценка на општата состојба на организмот, проценка на црнодробната и бубрежната функција.

Примерок:

Венска или капиларна крв.

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други
метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот
лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности ). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.