Витамин Б12 активна формa (Holotranscobalamin)
Витамин Б12 активна формa (Holotranscobalamin)
цена 1890
За тестот:
Тест со кој се одредува нивото на витамин Б12 во организмот како помош при проценка на нутритивен статус кај посебни групи на пациенти, за дијагноза и мониторинг на пернициозна и макроцитна мегалобластна анемија, невропатија, автоимуни заболувања што влијаат на апсорпцијата на вит.Б12, како и за следење на ефикасност на третман при дефициенција на витамин Б12.
Примерок:
Венска или капиларна крв.
Подготовка пред земање примерок:
За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е
неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други
метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот
лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности ). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.
Што означуваат намалени вредности на витамин Б12:
- Атрофичен гастритис;
- Пернициозна анемија (проблем со апсорпција на вит.Б12 од ГИТ);
- Оперативни зафати при кои се отстранува дел од желудникот или тенкото црево, вклучувајќи зафати за намалување на телесна тежина;
- Заболувања на тенко црево, како Кронова болест, целијакија, зголемено присуство на бактерии и паразити(тении) во цревата;
- Прекумерна консумација на алкохол;
- Нарушувања на имунолошкиот систем, како Гравесова болест или лупус;
- Долготрајна употреба на антациди и H2 инхибитори на протонска пумпа (желудочната киселина го помага разложувањето на анималните протеини кои содржат вит.Б12);
- Вегетеријанци и вегани;