Со задоволство Ве информираме дека денес, на 15.04.2016 година, ПЗУ Авицена Лабораторија го услужи МИЛИОНИТИОТ КЛИЕНТ. По тој повод, тимот на Авицена Лабораторија приреди пријатно изненадување и на милионитата клиентка Ивана Попова и додели пригоден подарок и плакета.
Оваа бројка од над 1.000.000 клиенти за нас претставува уште едно признание за квалитетот на лабораториските услуги и точноста на издадените резултати, како наши главни приоритети. Константниот раст на Авицена Лабораторија низ годините ја нагласува супериорноста и препознатливоста на самата лабораторија во нашата земја, која моментално брои професионален и искусен тим од над 50 вработени.
И понатаму ќе останеме посветени на постојано усовршување на современата лабораториска медицина и имплементација на нови дијагностички тестови и методи со цел проширување, модернизација и задоволување на потребите на клиентите во секој поглед.
Честитки за Ивана од тимот на Авицена Лабораторија!
Во прилог неколку фотографии од денешната атмосфера:
