fbpx

Три целосно нови простории за земање примероци

Од 29.12.2020 година, во Авицена Лабораторија нас. Тафталиџе во функција се ставени 3 нови, посебни простории за земање примероци.

Со ова, Авицена Лабораторија дополнително го зголеми својот капацитет и стана единствена лабораторија која има 9 простории за земање примероци на една локација. Времето поминато во лабораторија значително ќе се намали, а клиентите ќе можат да ги направат неопходните анализи во најкус можен рок.

И понатаму остануваме фокусирани кон задоволување на потребите и барањата на клиентите и унапредување на условите за работа водејќи се по светски стандарди.