fbpx

HDL + LDL

HDL + LDL

цена 360

За тестот:

Тест за одредување концентрација на ХДЛ и ЛДЛ холестерол

Примерок:

Венска или капиларна крв.

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други
метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот
лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности ). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија
и др.

Забелешка:

Холестеролот е супстанца (стероид) којшто е неопходен за животот. Тој е составен дел од мембраните на сите клетки во ткивата и органите. Исто така, преставува дел и од
хормоните за раст, развој и репродукција, како и дел од жолчните киселини кои се неопходни во варењето на храната. Мала количина од холестерол циркулира во крвта
во облик на комплекси наречени липопротеини. Секој комплекс е комбинација од протеин, фосфолипид, холестерол и триглицерид, и во зависност од густината се
класифицирани во ХДЛ, ЛДЛ и ВЛДЛ. ХДЛ (добриот холестерол) го носи вишокот на холестерол за отстранување. ЛДЛ (лошиот холестерол) го депонира холестеролот во
ткивата и органите. Тестот за холестерол во крвта го мери тоталниот холестерол (ЛДЛ и ХДЛ). Следењето и одржувањето на добрите нивоа на холестерол е неопходно за здравјето на организмот. Вишокот на холестерол може да доведе до создавање на наслаги на крвните садови, кое доведува до стеснување на крвните садови, нивно
зацвртстување (атеросклероза) и ризик од бројни нарушувања, меѓу кои инфаркт и мозочен удар