fbpx

Авицена Лабораторија се здоби со уште еден меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот ISO 15189:2013

Авицена Лабораторија успешно го помина процесот на акредитација и е една од првите лаборатории на нашите простори која се здоби со Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот ISO 15189:2013.

Акредитацијата на специјалистичко дијагностичката лаботаторија беше спроведена од страна наИнститутот за акредитација на Република Македонија, кој е членка на ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (Internationa Accreditation Forum) од страна на Меѓународна комисија.

Ова претставува уште една алатка за објективна проценка и дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати, а со ова Авицена Лабораторија уште еднаш потврди дека ги задоволува барањата предвидени со националните, европските и меѓународните стандарди, и сите дополнителни барања, потребни за вршење на специфична лабораториска дејност.

Постојаната контрола на квалитет е од фундаментално значење и процесот на работа е постојано во склад со највисоките техничко-технолошки, административни, како и лабораториско-медицински стандарди.

Со постојана внатрешна контрола на квалитет, редовна месечна надворешна контрола на квалитет(EQAS), секогаш постои сериозен пристап кон процесот на работа, неговиот мониторинг и документација. С

о одржување на професионалноста и квалитетот на највисоко ниво, наша визија е да останеме лидери во клиничката лабораториска пракса, како и активен партнер на сите здравствени институции во Република Македонија.