fbpx

Авицена Лабораторија со учество на седмиот Конгрес на педијатрите на Р.Македонија

Во периодот од 25-28 Јуни 2019 година во хотел „Сириус“ во Струмица, се одржa седмиот Конгрес на педијатрите на Р. Македонија со интернационално учество.

Научниот собир кој го организираше Здружението на педијатри на Р. Македонија имаше за цел да даде акцент на различни теми кои се важни за педијатрите и за сите што работат со детската популација.

Научнaта програма вклучуваше компилација од предавања, симпозиуми, округли маси, дизајнирани да побудат интерес како кај педијатрите, така и кај општите лекари со цел да се обезбеди квалитетна здравствена заштита на децата.

И на овој Конгрес Авицена Лабораторија беше присутна со свој изложбен штанд каде беа презентирани најновите дијагностички тестови и методи насочени за превенција и навремено дијагностицирање на различни заболувања кај децата.