Ни претставува задоволство да Ве информираме дека на ден 15.05.2019 година, во хотел Александар Палас, Авицена Лабораторија одржа стручен состанок на кој присуствуваа над 200 лекари од примарната здравствена заштита и лекари специјалисти.
Покрај новите и специфични анализи кои тековно се работат во Авицена Лабораторија, сите присутни имаа можност да се запознаат и со предностите на синдромското тестирање како моќна алатка во дијагноза на инфективните заболувања и значењето и улогата на Витаминот Д и корекцијата на дефицитот кај здрави лица.
Предавањата се одржаа по следниот редослед:
– Д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, спец. микробиолог
„Предности на синдромско тестирање во дијагноза на инфективни заболувања”
– Д-р Бранко Јагликовски, спец.по мед.биохемија
„Метаболизам на Витамин Д – општ осврт и негово следење во денешни лабораториски услови”
– Д-р Антоније Хаџи Антоновски, спец. по ортопедија
„Корекција на дефицит на Витамин Д кај здрави лица” Посебен акцент беше ставен и на важноста на континуираната контрола на квалитет која ја спроведува Авицена Лабораторија во сите фази на лабораториско работење, како одговор на сите национални, европски и меѓународни стандарди за вршење специфична лабораториска дејност, како дополнителна гаранција за точен и прецизен резултат. По завршување на работниот дел, дружењето продолжи со пригоден коктел.
Тимот на Авицена Лабораторија ја изразува својата благодарност до сите присутни за покажаниот интерес и досегашната успешна соработка.










