fbpx

Авицена Женска Трка 2020

На 6 Септември 2020г. се одржа „Авицена Женска трка 2020“. Трката се трчаше според специјалниот протокол одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Стартот на трката беше пред главниот влез на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, па до целта во Градскиот парк во Скопје.

Овој пат, победија и дисциплинираноста на учесничките и нивното почитување на мерките и протоколот.

Покажавме и докажавме дека можеме да имаме успешна трка и покрај сите протоколи и запазување на истите, за сопствена и безбедност на останатите, а притоа да имаме супер трка, супер забава и супер дружење на дистанца ??

Ви благодариме што бевте дел од трката оваа 2020 година и што ни помогнавте во реализација и успешност на истата, без оглед на условите!