fbpx

Нова лабораториска анализа! HE-4 + CA-125 (ROMA INDEX)

Со задоволство Ве информираме дека од ден 13.2.2018 год., во Авицена Лабораторија почна да се работи нова анализа :

►     HE-4 EIA (одредување на концентрација на HE-4 во серум)

►     ROMA INDEX (Risk of Ovarian Malignancy Algorithm)алгоритам за одредување ризик од оваријален малигнитет

HE-4 (хуман епидидимис протеин 4) е серумски биомаркер, чија концентрација значително се зголемува кај пациенти со епителијален оваријален карцином и има поголема сензитивност и специфичност од СА-125 маркерот. Се употребува како помош во дијагноза, како и следење на одговорот на терапија кај пациенти со оваријален карцином.

Кога се комбинира заедно со  СА-125 маркерот, во голема мера се зголемува сензитивноста и специфичноста на самиот СА-125 маркер.

Комбинацијата од НЕ-4 + СА-125 (ROMA INDEX) претставува нова алатка за диференцијална дијагноза во утврдувањето дали туморската маса во малата карлица е бенигна или малигна, како кај пременопаузалните така и кај постменопаузалните жени и овозможува стратификација на ризик и насока за понатамошен третман.

ROMA АЛГОРИТАМОТ за пресметување на ризикот од епителниот карцином на овариум се користи за стратификација на пациентките во групи на висок или низок ризик

Жени во предменопауза

ROMA > 12.5 % = висок ризик од оваријален епителен карцином

ROMA ≤ 12.5 % = низок ризик од оваријален епителен карцином

Жени во постменопауза

ROMA > 14.3 % = висок ризик од оваријален епителен карцином

ROMA ≤ 14.3 % = низок ризик од оваријален епителен карцином

Цена на тестот:

НЕ-4 EIA тест – 1.750,00 ден.

ROMA Index (пресметување на ризикот од  карцином на овариум со одредување концентрација на НЕ-4 + СА-125) – 2.800,00 ден.

Со почит,

Тимот на ПЗУ Авицена Лабораторија