fbpx

Интолеранција на храна

ДАЛИ ПРИЧИНАТА ЗА ВАШИОТ ПРОБЛЕМ Е ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА?

Понекогаш, одредени лица имаат невообичаена реакција кон одредена храна или состојка од храна!

Што е интолеранција на храна?

Интолеранција на храна претставува одложена реакција на организмот на одреден вид храна или состојки од храна, при која се создаваат специфични IgG антитела. Станува збор за низок степен на долготрајна хронична воспалителна реакција што трае сè додека се консумира храната што ја поттикнува реакцијата.

Овој тест ги детектира токму овие IgG4 антитела, давајќи јасна слика за интензитетот на реакцијата на организмот кон одредениот вид храна.

Симптоми

За разлика од алергиите што се најчесто со акутен и интензивен почеток на симптомите (2 часа или помалку) и може да бидат предизвикани и од присуство на траги на алергените, интолеранцијата е побавна, со одложен и понекогаш непрепознатлив почеток на манифестирање на симптомите (до 72 часа), за чиј интензитет е битно и количеството на внесената храна.

И покрај тоа што симптомите во многу случаи може да бидат многу слични, со помош на овој докажан и сертифициран тест се прави јасна диференцијација и се овозможува брзо и прецизно утврдување на причината на појавата на симптомите.

Воспалителните процеси може да се манифестираат на различни органи и системи и да предизвикаат широк спектар на симптоми.

Тестови за интолеранција на храна со најнова технологија, достапни во Авицена Лабораторија:

  • Прецизни и сертифицирани тестови од врвен германски производител за детекција на специфични IgG4 антитела.
  • Избор од 3 панели, секој со по 40 видови храна или состојки од храна, за насочена, брза и ефикасна детерминација.
  • Моќен софтвер со најнова технологија за високосензитивна детекција и прецизна и точна интерпретација на резултатите.
  • Целосно исчезнување на симптомите и подобрување на здравствената состојба по диета базирана врз основа на резултат добиен од тест за интолеранција на храна.

Панел 1:

Ги содржи следните видови храна: Лосос, Бакалар, Харинга, Ракчиња, Школки, Свинско месо, Говедско месо, Пилешко месо, Пченица, ‘Рж, Овес, Пченка, Ориз, Хељда, Амарант, Морков, Целер, Зелка, Лук, Кромид, Грашок, Боранија, Соја, Кикирики, Домат, Краставица, Компир, Синап, Белка од јајце, Жолчка од јајце, Млеко, Козјо млеко, Овчо млеко, Портокал, Банана, Јаболко, Киви, Лешник, Орев, Бадем.

Панел 3:

Ги содржи следните видови храна: Туна, Пастрмка, Северноатлантски бакалар, Харинга, Острига, Ракчиња, Месо од патка, Пилешко месо, Мисиркино месо, ‘Рж, Хељда, Јачмен, Тврда пченица, Просо, Киноа, Глутен, Домат, Кромид, Тиквичка, Зелена маслинка, Леќа, Грашок, Боранија, Млеко, Овчо млеко, Козјо млеко, Банана, Киви, Лимон, Јагода, Ананас, Сончогледово семе, Семе од тиква, Синап, Босилек, Ѓумбир, Кафе, Какао, Шампињони, Ориз.

Панел 5:

Ги содржи следните видови храна: Штука, Сардина, Костреш (риба), Халибут (риба), Еленско месо, Телешко месо, Анасон, Бакла, Спанаќ, Кељ, Модар патлиџан, Цвекло, Шпаргла, Црвен грав, Јапонска трупка (дајкон), Прокељ, Папаја, Јогурт, Моцарела, Павлака, Изварка, Нектарина, Црвена рибизла, Брусница, Грејпфрут, Суво грозје, Црна рибизла, Лубеница, Пекански орев, Бразилски орев, Кокосов орев, Борови семки-пињоли, Макадамиски орев, Морско оревче, Мајчина душица Жалфија, Семе од коријандер, Ленено семе, Костен, Келп (морска трева).

Што по добивањето на резултатот?

  • Фаза на елиминација

Храната за која е добиен позитивен резултат треба комплетно да се избегнува, 2 до 6 недели во зависност од реакцијата. На овој начин, настанатите инфламаторни процеси може да се намалат или комплетно да се повлечат.

Останатата храна кон која нема покачени нивоа на IgG антитела може да се консумира во 4-дневен циклус на ротација. (На пример, ако се јадат одредени видови храна еден ден, тие треба да се избегнуваат во следните 3 дена.) Ова помага да се спречи развојот на нови одложени реакции на организмот.

  • Фаза на повторно воведување храна

Во оваа фаза се започнува провокациска диета преку која постепено се вклучуваат избегнуваните намирници.

Намирниците се внесуваат една по една, со цел полесно препознавање на храната што сè уште предизвикува симптоми. Доколку повторно се појави реакција, храната од менито се избегнува.

  • Фаза на стабилизација

За време на оваа фаза, храната што предизвикува реакција при процесот на повторно воведување се избегнува за најмалку една година со цел намалување на IgG антителата и подобрување на состојбата на организмот.

По ова, пациентот повторно ја започнува фазата на воведување храна. Кај некои пациенти можеби ќе биде потребно доживотно избегнување еден или повеќе видови храна.

За подетални информации во врска со панелите контактирајте не на 02 3179 001.

Цена за изработка на 1 панел: 4200 денари

Цена за изработка на 2 панели одеднаш (80 видови храна): 7900 денари

Цена за изработка на 3 панели одеднаш (120 видови храна): 10500 денари

Без закажан термин, достапни во сите лаборатории на Авицена Лабораторија!