МОЛЕКУЛАРНИ РЕСПИРАТОРНИ ПАНЕЛИ

МОЛЕКУЛАРНИ РЕСПИРАТОРНИ ПАНЕЛИ ЗА ТОЧНА, БРЗА И ПРЕЦИЗНА ДЕТЕКЦИЈА НА НАЈГОЛЕМ БРОЈ ПРИЧИНИТЕЛИ ОДЕДНАШ!

Респираторните инфекции се најчестите инфекции кај луѓето. 

Иако живееме во време на пандемија со COVID-19, многу други причинители на заболувања се секаде околу нас и можат да предизвикаат инфекции и кај возрасните и кај децата.

Постојат голем број на причинители, кои може да предизвикаат различни форми на заболувања на дишните патишта, од полесни горнореспираторни инфекции, до тешки пневмонии. Во многу случаи тешко е да се препознае и идентификува точниот предизвикувач на една респираторна инфекција,  особено кога се работи за мешани инфекции. Освен тоа, симптомите на респираторните инфекции, било да се работи за вирусот на грип, SARS-CoV-2 или друг причинител се многу слични.

Секогаш, за соодветен третман на болеста, многу е важно да се знае вистинскиот причинител на заболувањето, со цел да се делува навремено и насочено кон соодветниот причинител.

Покрај стандардните микробиолошки тестови, редовните тестови за детекција на новиот SARS-CoV-2 вирус, во Авицена Лабораторија континуирано се работат и најсовремени молекуларни респираторни панели, кои вршат детекција на голем број на бактерии и вируси одеднаш.

Се работи за високосензитивна молекуларна Real-Time PCR метода, која е супериорна во однос на другите методи и техники, а ги отстранува сите дилеми и сомнежи со само еден тест!

  • - Tестот може да се изработи веднаш, уште при појава на првите симптоми
  • - Погоден и за деца и за возрасни
  • Aнтибиотската или било која друга терапија не влијаат на резулататот

На располагање се два панела за истовремена детекција на 21 и 40 респираторни патогени со Real-Time PCR метода:

РЕСПИРАТОРЕН ПАНЕЛ 21

 

·  Influenza A virus

·  Influenza B virus

·  Influenza A(H1N1) swl virus

·  Human rhinovirus

·  Human coronavirus NL63

·  Human coronavirus 229E

·  Human coronavirus OC43

·  Human coronavirus HKU1

·  Human parainfluenza 1

·  Human parainfluenza 2

·  Human parainfluenza 3

·  Human parainfluenza 4

·  Human metapneumoviruses A

·  Human metapneumoviruses B

·  Human bocavirus

·  Mycoplasma pneumoniae

·  Human respiratory syncytial viruses A

·  Human respiratory syncytial viruses B

·  Human adenovirus

·  Enterovirus

·  Human parechovirus

 

ПРИМЕРОК: брис од грло/нос, искашлок/бронхоалвеоларен лават

ЦЕНА: 3500,00 денари

 

 

 РЕСПИРАТОРЕН ПАНЕЛ 40

·  Streptococcus beta haemolyticus tip B

·  Streptococcus beta haemolyticus tip C

·  Streptococcus tip D

·  Streptococcus beta haemolyticus tip F

·  Streptococcus beta haemolyticus tip G

·  Streptococcus pneumoniae

·  Influenza A virus 

·  Influenza B virus 

·  Respiratory syncytial virus A 

·  Respiratory syncytial virus B 

·  Flu A-H1 

·  Flu A-H1pdm09 

·  Flu A-H3

·  Adenovirus (AdV)

·  Enterovirus (HEV) 

·  Mycoplasma pneumoniae

·  Staphylococcus aureus

·  Staphylococcus aureus meticillin rezistenten (MRSA)

·  Haemophillus influenzae

·  Haemophilus parainfluenzae

·  Moraxella catarrhalis 

·  Klebsiella pneumoniae

·  Escherichia coli

·  Pseudomonas aeruginosa

·  Parainfluenza virus 1 

·  Parainfluenza virus 2 

·  Parainfluenza virus 3 

·  Parainfluenza virus 4 

·  Metapneumovirus 

·  Bocavirus 

·  Coronavirus NL63 

·  Rhinovirus 

·  Coronavirus 229E 

·  Coronavirus OC43 

·  Candida albicans

·  Candida species

·  Aspergilus species

 

ПРИМЕРОК: 2 бриса од нос и 1 брис од грло.

ЦЕНА: 3900,00 денари