fbpx

НОВО! Маркер за прееклампсија (Сооднос sFlt-1/PlGF)

Што е прееклампсија?

Преeклампсија е состојба која се јавува за време на бременост и резултира со висок крвен притисок, зголемено присуство на протеини во урината и отоци. Се јавува кај бремените жени и тоа најчесто по дваесеттата недела од бременоста. Најчесто се јавува во блага форма која бара редовно следење и контрола на бременоста. Во случај на тешка форма, прееклампсијата може да биде причина за предвремено раѓање. Од голема важност е ваквата состојба веднаш да биде навемето детектирана и третирана, бидејќи во спротивно може да доведе до сериозни компликации по здравјето на мајката и плодот. 

Индикатори на прееклампсија:

Покачувањето на крвниот притисок може да се јави одеднаш дури и кај бремени жени кои немале дотогаш никаков симптом. Затоа, од голема важност се редовните мерења на крвниот притисок. Покрај зголемениот крвен притисок кој е првиот знак за прееклампсија, се јавуваат и зголемено присуство на протеини во урината (протеинурија) и отоци на зглобовите на лицето, рацете и нозете.

Симптоми:

Пропратни симптоми на прееклампсија се чести главоболки, мачнини и нагони за повраќање, нарушена функција на црниот дроб, заматен вид, намалено лачење на урина …Голем дел од симптомите на прееклампсија се всушност симптоми кои се јавуваат и во нормална и здрава бременост (главоболки, отоци, мачнини и сл), па не секогаш значи дека се работи за оваа состојба. Доколку забележите некој од овие симптоми во изразена форма консултирајте се со вашиот гинеколог. 

Превенција

Не постои начин за превенција на прееклампсија, но постојат маркери кои можат да предвидат ризик за развој на прееклампсија како и редовните контроли на крвниот притисок, тежината и редовни анализи на крвта.

Ново во Авицена Лабораторија – маркери за прееклампсија:

Сооднос sFlt-1/PlGF

  • PlGF (Placental Growth Factor) – плацентарен фактор на раст
  • sFlt-1 (Soluble FMS-like tyrosine kinase-1)

Постојат многу докази кои сугерираат дека прееклампсијата е резултат на нерамнотежа на циркулирачките про-ангиогени фактори, како како васкуларен ендотелен фактор на раст (VEGF) и/или плацентарен фактор на раст (PlGF) и анти-ангиогени фактори како што се растворливиот рецептор-1 на тирозин киназа сличен на fms (sFlt-1), исто така познат како растворлив VEGF рецептор 1).

PlGF има значително  пониска концентрација кај жени кои развиваат прееклампсија, во однос на здрави пациентки. Освен тоа, PlGF е значително понизок кај жени со клинички дијагностицирана прееклампсија.

Спротивно на тоа, нивоата на sFlt-1 остануваат ниски во текот на нормална бременост, додека кај пациенти со преекламспија, нивото на sFlt-1 се зголемува со поголема брзина во циркулацијата во подоцнежните фази на бременоста и останува покачено.

Како резултат на сите овие промени, соодносот sFlt-1/PlGF, исто така значително се зголемува кај пациенти со прееклампсија.

Затоа, во комбинација со клиничките симптоми, соодносот sFlt-1/PlGF се користи во проценка на ризикот од предвремено породување и несакани последици  од прееклампсија и заедно со клиничкиот преглед овозможува навремена дијагноза и  можност за навремен  третман на мајката и детето.

Цена: 4500 денари

Издавање резултати: 24 часа

Потребен примерок: венска крв