Доколку размислувате за NIFTY тест, сигурно ве интересира како изгледа целиот процес. Во нашата лабораторија сме посветени да ви обезбедиме сигурност, доверба и поддршка во секој чекор од тестирањето.
NIFTY тестот е неинвазивен пренатален тест кој може да се направи од 10-та недела од бременоста, со едноставно земање крв од мајката.
💜 1. Консултација со стручно лице
Процесот започнува со кратка консултација со нашиот стручен тим. Ќе добиете јасни информации за можностите, Nifty пакетите, предностите и самиот тек на тестирањето, како и одговори на сите ваши прашања.
📝 2. Документација и согласност
Пред тестирањето се пополнува потребната документација и се потпишува информирана согласност.
🩸 3. Земање примерок
Следува едноставно земање мала количина крв од вена, исто како и за секоја рутинска лабораториска анализа. Постапката е брза, безбедна и удобна.
🔬 4. Лабораториска анализа
Примерокот се испраќа на анализа со најсовремена технологија за генетско секвенционирање, со цел добивање прецизни и сигурни резултати.
✨ 5. Резултати
Резултатите најчесто се готови за околу 7 работни дена и можете да ги добиете по e-mail или лично во нашите лаборатории.
🤍 Со вас во секој чекор
Нашиот тим е тука да ве води низ целиот процес со професионалност, дискретност и грижа.
📩 За повеќе информации, контактирајте нè на 02 3179 001.
💜 NIFTY тестовите се достапни и по промотивни цени.
