fbpx

Нови лабораториски анализи

Почитувани,

Со цел да излеземе во пресрет на барањата и потребите на нашите пациенти, а во насока на континуиран развој, менито на тестови и методи во Авицена Лабораторија постојано се проширува.

Од 15.6.2017 год., во Авицена Лабораторија Ви се достапни следните специфични анализи: 

*Со претходна најава

ИМЕ НА ТЕСТЦЕНА (МКД)ЗНАЧЕЊЕ
  IGF-1 (insulin-like growth factor-1)     1500,00IGF-1 тестот се користи како помош во дијагноза на:- дефицит на хормон на раст- вишок на хормон на раст- евалуација на функцијата на хипофизата- следење на ефектите на третманот со хормон на раст 
 PLGF (placental growth factor) sVEGF-R1 (soluble vascular endothelial growth factor 1)   2.500,00    2.500,00Фактори на раст кои имаат клучна улога во ангиогенезата и васкулогенезата, особено за време на ембриогенезата.Докажано е дека серумските нивоата на овие параметри се менуват кај трудници со прееклампсија, во споредба со оние со некомплицирана бременост. Тестовите се користат како помош во дијагноза на предвремена прееклампсија, и во диференцијација на жени со прееклампсија од нормотензивни и хипертензивни пациенти. 
 ANCA Screen hs p-ANCA (Anti MPO Myeloperoxidase) c-ANCA (Anti Proteinase-3 Cytoplasmic)  800,00 700,00  700,00Тестовите за антинеутрофилни антитела се користат за детекција и дијагноза на одредени автоимуни васкулитиси вклучувајќи:   Грануломатоза со полиангиитис (Вегенерова грануломатоза)            Микроскопски полиангиитис      Еозинофилна грануломатоза со полиангиитис (Churg Strauss syndrome)   Ефект од третман или релапс на некоја од горенаведените состојби     Диференцијација помеѓу улцеративен колит и Сrohn-ова болест 
Anti Glomerular Basement Membrane Ab. (GBM) 1.000,00Се работи за антитела кои се насочени кон антигенот кој нормално се наоѓа на гломеруларна базална мембрана и во алвеларната базална мембрана. Клиничките симптоми може да варираат од умерено до тешко бубрежно нарушување  и прогресивен гломерулонефрит.Состојбата каде што е засегната функцијата на бубрезите и настанува пулмонална хеморагија е позната како Goodpasture-ов синдром. 
 Anti Mitochondrial Ab. (M2)  1.000,00Присуството на антимитохондријалните антитела во крвта е многу често поврзано и индикативно за развој на автоимуно заболување-примарна билијарна цироза, која може да доведе до тешки оштетувања на хепарот. 
  CIC (Циркулирачки имунокомплекси)   1.000,00Циркулирачките имунокомплекси се детектираат кај бројни системски заболувања, како ревматоидни, авотимуни, алергиски заболувања, како и малигнитети. Иако не се строго специфични, имаат улога во прогноза и следење на овој тип на заболувања. 
 Anti-CCP( Cyclic Citrullinated Peptide ) 1000,00Вообичаено се прави заедно со РФ (ревматоиден фактор), како помош во дијагноза на ревматоиден артитис, да се процени степенот и евентуалниот понатамошен тек на заболувањето. 
 Anti Gliadin  IgG Anti Gliadin  IgА Трансглутаминазни антитела IgA  700,00 700,00 1000,00 За евалуација на пациенти суспектни за целијакија, лица со атипични симптоми, лица со ризик за целијакија и следење на ефектот од третманот. 
 ASCA IgA ASCA IgG (Anti-Saccharomyces cerevisiae antibodies) 700,00 700,00 Овие тестови се користат како помош во диференцијална дијагноза на улцеративен колит и Crohn-ова болест (најчестите  цревни инфламаторни заболувања). Присуството на ASCA e почесто кај  Crohn-ова болест, додека кај улцеративниот колит почесто се среќаваат  p – ANCA антитела. 
 Anti Cardiolipin IgM Anti Cardiolipin IgG Anti Cardiolipin IgA Anti b2 GP-1  IgM Anti b2 GP-1  IgA Anti Phosphatidyl Inositol An.Phosphatidyl Serin IgG Anti Prothrombin Screen Anti Annexin V IgM Anti Annexin V IgG   700,00  700,00  700,00   700,00  800,00  800,00  800,00   800,00  800,00  800,00Антифосфолипидниот синдром (наречен и Hughes синдром) преставува група на знаци и симптоми, кои опфаќаат формирање на крвни коагулуми, тромбоцитопенија, повторувачки абортуси и присуство на едно или повеќе антифосфолипидни антитела.Антифосфолипидните антитела се група на антитела кои интерферираат со процесот на коагулација на крвта. Имено, пациентите со антифосфолипидни антитела имаат зголемен ризик за создавање на тромби во артериите и вените, кои може да доведат до срцев и мозочен удар и повторувачки абортуси.Присуството на антифосфолипидни антитела вообичаено е поврзано со тромбоцитопенија, пролонгирано PTT и со ризик од повторувачки абортуси, посебно во вториот и третиот триместар, предвремено породување и прееклампсија. Антифосфолипидните анитела се среќаваат и кај: системски лупус, ревматоиден артрит, системска склероза, ХИВ инфекции, мононуклеоза, рубеола, малигни заболувања, леукемии и др.состојби.Антофосфолипидниот синдром може да биде примарен-без автоимуно нарушување или секундарен-во склоп на некое дијагностицирано автоимуно заболување. 
   Anti Intrinsic Factor  Anti Gastric Parietal Cell  (GPC) Aнти инсулински антитела   800,00 1000,00  800,00Овие тестови се користат како помош во дијагнозата на пернициозна анемија и утврдување на причина за недостаток на вит.Б12.Интринзик факторот, кој го создаваат париеталните клетки во желудникот, во организмот на човекот се врзува за вит.Б12 и формирајќи комплекс, ја овозможува апсорпцијата на вит.Б12 во тенкото црево.Кога постои автоимун процес, организмот создава антитела насочени кон париеталните клетки или кон интринзик факторот, и на тој начин се оневозможува нормалната апсорпција на Витаминот Б12 во организмот. 
 Protein – S Protein – C Free PS APC-R (Activated Protein C resistance) Antithrombin  1.500,00 1.500,00 1.500,00 3.000,00  2.000,00Протеин Ц и Протеин С се важни компоненти во нормалниот процес на коагулација на крвта. Анализата на овие протеини за прави за детекција на евентуални хиперкоагулабилни нарушувања и како помош во дијагноза на длабока венска тромбоза и пулмонална емболија. Вообичаено се прават кај лица со тромботични епизоди и тромбоемболизам, особено кај лица помлади од 50 години каде што се зафатени крвни садови на невообичаени локации, а немаат друга очигледна причина за создавање коагулуми и кај лица кои имаат фамилијарна историја на вакви заболувања.Антитромбин тестот се прави кај состојби каде што треба да се утврди причината за коагулационите нарушувања и да се пронајде причината за рекурентни тромботични епизоди. 
  Lupus Anticoagulant Screen   Lupus Anticoagulant Confirm   2.000,00   1.500,00 Лупус антикоагулант претставува автоантитело кое е поврзано со пореметување во коагулацијата на крвта. Може да помогне во случаи на неразјаснети тромботични епизоди во вена или артерија, повторувачки абортуси, состојби со нејасно продолжено време за PTT (дали е поради специфичен иннхибитор- пр. антитело кон фактор на коагулација или неспецифичен инхибитор, како Лупус антикоагулант).Вообичаено се прави заедно со други тестови за антифосфолипидни антитела, протеин С, протеин Ц и др.тестови. 
 FDP* Fibrin monomer*  2.000,00 2.000,00 Фибрин деградацините продукти  и фибрин мономер се употребуваат како помош во дијагноза на дисеминирана интраваскуларна коагулација и исклучување на длабока венска тромбоза. 

 Со почит,

 Авицена Лабораторија