По - Пт: 07:00 - 19:30 / Саб: 07:00 - 14:00
РЕЗУЛТАТИТЕ ИЗДАДЕНИ ОД АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА СЕ ВАЛИДНИ И ПРИЗНАЕНИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО
Авицена Лабораторија е меѓу првите лаборатории во државата која поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории, согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013.
Овој сертификат одговара на интернационалните барања и протоколи за патување во различни земји, со што резултатите за COVID-19 издадени од Авицена Лабораторија се валидни и ги исполнуваат условите за патување во странство. Резултатите од COVID-19 бесплатно се издаваат и на англиски јазик.
Во секој случај, информирајте се од надлежните институции во земјата во која треба да патувате, за евентуални промени во условите за премин на граница.
ТЕСТОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ДОСТАПНИ ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА:
COVID-19 молекуларен PCR тест за едно лице - 2000 денари
COVID-19 молекуларен PCR тест за две лица - 1800 денари (цена по лице)
COVID-19 молекуларен PCR тест за повеќе од две лица - 1600 денари (цена по лице)
Ултрабрз COVID-19 PCR тест за едно лице 4500 денари – резултати за само еден час (цена по лице)
Ултрабрз COVID-19 PCR тест за две лица 4000 денари – резултати за само еден час (цена по лице)
Брз антигенски тест за COVID-19 - 700 денари – резултати за 30 минути (цена по лице)
Резултатите се издаваат истиот ден со бесплатен превод на англиски јазик, и Европски сертификат за патување. PCR тестовите се работат во Тафталиџе од пон-пет од 7.00 до 19.00 часот и сабота од 7.00 до 14.00 часот.
Во лабораторијата во Тетово, тестовите се работат секој работен ден од 7.00 до 15.00 часот и сабота од 8:00 до 12.00 часот. Брзите антигенски тестови се работат во лабораторијата во нас. Тафталиџе и во Тетово во истите термини.