Молекуларна детекција на Borrelia burgdorferi sensu lato complex со real-time PCR *
Молекуларна детекција на Borrelia burgdorferi sensu lato complex со real-time PCR *
цена 1950
За тестот
Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот. Оваа болест првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем.
Лајмската болест се манифестира со појава на локален оток и црвенило на местото на убодот и во околината и тоа 3-32 дена по инцидентот. Локалното црвенило е топло и обично не е болно. Кај 50% од пациенетите идентични промени може да се јават и на други делови од телото, а кај 15% пациенти може да не се јават кожни промени. Освен промените на кожата, може да се јави и покачена температура, треска, малаксаност, главоболка и зголемување на регионалните лимфни јазли.
Авицена Лабораторија ви нуди комплетна проценка на вашата здравствена состојба.
Тестот за молекуларна детекција на Borrelia burgdorferi sensu lato complex со real-time PCR преку крв, може да помогне кај пациенти кои се сомневаат на убод од крлеж.
Резултатите се издаваат за 1 ден.