fbpx

Anti-TPO At (анти-тироидна пероксидаза антитела)

Anti-TPO At (анти-тироидна пероксидаза антитела)

цена 1300

За тестот:

Тест за одредување на количината на специфични тироидни автоантитела (
анти тиреопероксидазни антитела ), за дијагноза на автоимуни заболувања
на штитната жлезда (Hashimoto, Graves-oва болест) и диференцијација од
други видови заболувања.

Со овие тестови се врши детекција и се одредува количината на специфични
тироидни автоантитела. Ваков тип антитела се јавуваат кога организмот ги
препознава компонентите на штитната жлезда како туѓи, а не свои ( во
случајот својот тиреоглобулин и тироидната пероксидаза – ензим кој се
создава во штитната жлезда и учествува во синтезата на тироидните
хормони.)

Присуството на автоантитела води кон хронично воспаление на
тиреоидната жлездата, промени во самото ткиво и нарушување на
нејзината функција.

Примерок:

Венска крв