fbpx

VERACITY – неинвазивен пренатален тест за анализа на: анеуплоидии и микроделеции (примерок крв од мајката)

VERACITY – неинвазивен пренатален тест за анализа на: анеуплоидии и микроделеции (примерок крв од мајката)

цена 31900

За тестот:

VERACITY претставува најнова генерација неинвазивен пренатален тест за откривање фетални хромозомски анеуплоидии и микроделеции. Користи технологија заснована врз најсовремени истражувања и развој во молекуларната генетика и дијагностика.

VERACITY дава прецизни информации за присуство на анеуплоидии и микроделеции кај бебето, рано уште во десеттата недела на бременоста.

✅VERACITY e валидиран за единечна и близначка бременост

✅VERACITY е валидиран за бремености по пат на вештачко оплодување

✅VERACITY е префериран тест поради неговата прецизност и точност

✅VERACITY e целосно безбеден за мајката и бебето

Тестот може да го направи секоја трудница почнувајќи од 10 гестациска недела на бременоста. За да го направите тестот нема ограничувања во однос на возраста кај идната мајка.

Што детектира:

ШТО ДЕТЕКТИРА ТЕСТОТ?

1. Анеуплоидии – Даунов синдром, Едвардсов синдром и Патау синдрoм.

2. Анеуплоидии на полови хромозоми – Тарнеров синдром (Моносомија X), Троен X-синдром (Трисомија X), Клинефелтеров синдром (XXY), Јакобсов синдром (XYY) и XXYY синдром.

3. Микроделеции  – DiGeorge синдром (22q11.2), 1p36 deletion синдром (1p36), Smith-Magenis синдром (17p11.2) и Wolf-Hirschhorn синдром (4p16.3).

4. Пол на бебето

Примерок:

За време на бременоста, феталната ДНК патува од плацентата до крвотокот на мајката и циркулира заедно со нејзината сопствена ДНК. Со VERACITY феталната ДНК се изолира од крвта на мајката и се анализира со помош на најнова генерација аналитичка и биоинформатичка технологија, за присуство нa анеуплоидии и микроделеции кај бебето, со неспоредлива точност.

За да се изработи VERACITY потребен е примерок венска крв од мајката.