fbpx

Феритин

Феритин

цена 840

За тестот:

Тест со кој се одредува нивото на феритин како помош при проценка на залихите на
железо во организмот. Во комбинација со други тестови, овој тест се користи за да
се одреди степенот и тежината на недостатокот или преоптоварувањето со железо
во организамот. Феритинот е исто така и показател на акутно воспаление и може да
биде покачен при состојби на воспаленија, хронични инфекции, малигни заболувања,
заболувања на црниот дроб и сл.

Примерок:

Венска или капиларна крв.

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која
подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот
оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред
земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол,
липиди, протеини, железо и други метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба
да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно
целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности
). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска
терапија и др.
Забелешка:
Феритин е комплекс на белковини и железо. Се наоѓа во сите ткива, а најмногу го има
во коскената срцевина, во црниот дроб и панкреасот. Нивото на феритин во серумот
е одраз на целокупната количина на железо во телото. Зголемени вредности на
феритин во организмот можат да се најдат кај хипохромните анемии (без недостаток
на железо) или кај оштетувања на ткивото на црниот дроб кај некои малигни
заболувања. Намалени вредности на феритин има при недостаток на железо при
акутно или хронично крварење, бременост, како и при пореметена апсорпција на
железото