fbpx

PRISCA 1,2,3

PRISCA 1,2,3

цена 3950

За тестот:

PRISCA софтверот (PRenatal RISc CAlculation software) спаѓа во групата на пренатални неинавизвни скрининг тестови .PRISCA опфаќа мерење на одредени маркери, кои циркулираат во крвта на мајката и се во директна врска со развојот и благосостојбата на плодот. Добиените вредности, се комбинираат со други значајни параметри како: возраста и здравствената состојба на пациентката, како и мерките на плодот направени со ултразвук (гинеколошко ЕХО). Не помалку важна е и секоја информација од медицинската историја на пациентката, текот на бременоста, телесната тежина, близначка бременост, дијабет и сл. По компјутерската пресметка на сите податоци со софтверската програма, се добива крајниот резултат, кој укажува колкав е ризикот да плодот има една од следните аномалии: Даунов синдром, Едвардсов синдром и дефект на неврална цевка.

Прочитајте повеќе

Формулар за доктори

Преземете го формуларот на следниот линк.

Примерок:

Венска крв.

Задолжително е да се приложи целосно пополнет формулар, од направениот ехо-преглед кај гинеколог, кој ги содржи неопходните мерки од плодот, за пресметка на ризикот.