Rodinia (Родиниа) – панел за неплодност кај мажи
Rodinia (Родиниа) – панел за неплодност кај мажи
цена 30500
за тестот:
“Rodinia” – Генетски панели за откривање на причината која предизвикува неплодност кај мажи и жени. Овие два панели, панел за „женска“ и панел за „машка“ неплодност можат да им помогнат на паровите и младите лица, успешно да го детектираат генетскиот причинител кој ја предизвикува неплодноста, да ја спречат оваа состојба и да започнат навремен третман.
Rodinia претставува тест за скрининг на генетски промени (мутации) поврзани со неплодноста. Преку идентификување на генетската причина за неплодноста, можете да донесете информирани и точни одлуки, кои ќе резултираат со најдобриот план за клинички третман за пациентот, а тоа ќе помогне да се зголемат шансите за зачнување.
Тестот Rodinia е соодветен за парови или поединци што не можат да остварат бременост, млади лица со суспектно нарушување на сексуалниот развој и лица со семејна историја на неплодност.
За кого е наменет Rodinia?
- Парови или поединци што не можат да остварат бременост.
- Жени со нередовен месечен циклус или жени што воопшто немаат месечен циклус.
- Мажи со мал број сперматозоиди во семенскиот материјал, неправилна форма или движење на сперматозоидите.
- Лица со надворешни карактеристики што упатуваат на синдром поврзан со сексуалниот развој.
- Парови или поединци што имаат намера да применат третман со потпомогната репродуктивна технологија (ПРТ).
- Кандидати за донирање сперма или ооцити, како и поединци со семејна историја на неплодност.
Rodinia ПАНЕЛ ЗА МАШКА НЕПЛОДНОСТ
Вклучува тестирање на X и Y-хромозомите, вклучуваќи и микроделеции на Y-хромозомот и нарушувања како што се хипогонадотропен хипогонадизам, како што е Калманов синдром.
Издавање резултати: 2 – 4 СЕДМИЦИ
ПОТРЕБЕН ПРИМЕРОК: БУКАЛЕН БРИС (брис од уста).
Цена со попуст за изработка на двата панели (во пар): 58.500 денари