fbpx

Серумско железо – Fes

Серумско железо – Fes

цена 180

За тестот:

Тест за одредување на концентрација на железо во крв.

Примерок:

Венска или капиларна крв

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која
подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот
оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред
земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол,
липиди, протеини, железо и други метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба
да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно
целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности
). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска
терапија и др.
Забелешка:
Железото во организмот постои како компонента на хемоглобин и миоглобин и
врзано за трансферин, при што се транспортира преку плазма и акумулира во
феритин. Зголемени концентрации на железо постојат при хемохроматози и
оштетувања на црниот дроб. Намалено ниво на железо може да биде предизвикано
од анемија, поради малапсорпција како последица на гастроинтестинални
заболувања или губење на крв поради гастроинтестинални лезии или тешки
менструални крварења. За оценување на статусот на железо во организмот, со
одредување на трансферин и феритин може да се добијат подетални информации.