fbpx

TIBC (Total Iron Binding Capacity)

TIBC (Total Iron Binding Capacity)

цена 490

За тестот:

Тест за евалуација на лица со сомнеж за дефицит или вишок на железо/индикатор за статусот на железо во организмот.

Примерок:

Венска или капиларна крв.

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот (времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.

Забелешка:

Овој тест обично се прави во комбинација со серумско железо за проценка на статусот на железото во организмот, кога постојат знаци на анемија, а особено кога комплетната
крвна слика покажува микроцитни и хипохромни еритроцити, а нивоата на хемоглобин и хематокрит се ниски.