Total T4
Total T4
цена 700
За тестот:
Тест за квантитативнo мерење на вкупниот циркулирачки тироксин (T4) во
серумот, како помош во клиничката проценка на тироидниот статус.
Tироксин (T4) е главен хормон на тироидната жлезда. Во крвотокот,
99.95% од тироксинот е врзан за транспортни протеини, особено за
тироксин – врзувачкиот глобулин ( TBG ). Остатокот не е врзан, туку е
слободен во циркулацијата и оваа неврзана фракција е метаболно
активна. За синтеза на тироксинот, потребно е присуството на јод, кој се
зема од храната. Овој хормон има многубројни функции, но најважна е
интензивирањето на метаболитичките процеси во клетките. Како тест, се
користи да се провери дали тироидната жлезда функционира правилно.
Примарно, тој се врши при сомнеж за хипертиреоидизам, а се употребува
исто така и за следење на евентуална прогресија кај пациенти со веќе
познато тироидно заболување.
Примерок:
Венска крв