fbpx

TSH 3rd Generation

TSH 3rd Generation

цена 700

За тестот:

Тироидниот стимулирачки хормон (TSH) се лачи од предната хипофиза и ја стимулира тироидната жлезда да ги ослободува хормоните тироксин (T4) и тријодотиронин (T3) во крвта. Овој тест ја мери количината на TSH во крвта.

Кога нивото на тироидните хормони се намалува во крвта, хипофизата произведува повеќе TSH како одговор на стимулацијата на TRH. За возврат TSH ја стимулира тироидната жлезда да произведува и ослободува повеќе T4 и T3.
Кога нивото на тироидниот хормон се зголемува во крвта, хипофизата произведува помалку TSH, а тироидната жлезда произведува помалку T4 и T3.
Кога сите три органи (хипоталамус, хипофиза и тироидна жлезда) функционираат нормално, производството на тироидната жлезда е регулирано за да се одржат релативно стабилни нивоа на тироидни хормони во крвта.

Ако тироидната жлезда ослободува несоодветно големи количини на Т4 и Т3, засегнатото лице може да доживее симптоми поврзани со хиперактивна тироидна жлезда (хипертироидизам), како што се забрзано отчукување на срцето, губење на тежината, нервоза, треперење на рацете, иритирани очи и отежнато спиење. Graves-ова болест е најчеста причина за хипертироидизам. Тоа е хронично автоимуно нарушување при кое имуниот систем на заболеното лице произведува автоантитела кои делуваат како TSH, го врзуваат и активираат рецепторот на TSH, што доведува до производство на прекумерни количини на тироиден хормон. Како одговор, хипофизата произведува помалку ТSH, што обично доведува до негово ниско ниво во крвта.

Ако има намалено производство на тироидни хормони од тироидната жлезда (нерактивна тироидна жлезда или хипотироидизам), лицето може да доживее симптоми како што се зголемување на телесната тежина, сува кожа, запек, нетолеранција на студ и замор. Хашимото тироидитис е најчеста причина за хипотироидизам. Тоа е хронична автоимуна состојба во која имунолошкиот одговор предизвикува воспаление и оштетување на тироидната жлезда, како и производство на автоантитела.  При Хашимото тироидитис, тироидната жлезда произведува пониско ниво на тироиден хормон. Како одговор, хипофизата нормално произведува повеќе TSH, што обично резултира со зголемување на неговото ниво во крвта.

Поретко, дисфункција на хипофизата може да резултира со зголемени или намалени количини на TSH. Во прилог на дисфункција на хипофизата, хипертироидизам или хипотироидизам може да се појави ако има проблем со хипоталамусот (недоволно или прекумерно лачење на TRH).

Потребен примерок:

Венска крв