fbpx

Уринарен статус и седимент

Уринарен статус и седимент

цена 190

За тестот:

Анализата на урината е една од корисните скрининг методи чии резултати можат да дадат основни информации за состојбата на метаболизмот како и за состојбата на генито-уринарниот систем.

Примерок:

Урина

Подготовка пред земање примерок:

За преглед на урината неопходно е да се земе, после лична хигиена (тоалета со топла вода и сапун), првата утринска урина (среден млаз) во стерилен сад и во
најкраток можен рок да се донесе во лабараторија. Ако не сте во можност да дојдете веднаш, урината може да се држи во фрижидер некое време. Прегледот на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а
максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.

Забелешка:

Рутинскиот преглед на урината е една од основните лабораториски анализи. Секој рутински преглед на урината се состои од 3 дела:

  • Опис на физичките и физичко-хемиските карактеристики на урината: изглед, боја, pH (киселост), специфична тежина.
  • Хемиска анализа на урината: Најчести хемиски анализи на урината се анализа на протеини, шеќер, кетони, уробилиноген, билирубин и нитрити.
  • Преглед на седиментот на урината т.е. микроскопски преглед на талогот, кој седобива по центрифугирање на урината (еритроцити, леукоцити, епителни клетки,
    кристали, цилиндри, бактерии).