fbpx

Уринарни протеини 24ч

Уринарни протеини 24ч

цена 490

За тестот:

Детекција на излачени протеини во урина за време на 24 часа. Тестот е валиден само ако како примерок се користи 24h урина (целодневна) т.е урина собрана во тек на 24 часа.

Примерок:

Урина.

Подготовка пред земање примерок:

За анализи при кои се одредува 24h урина (целодневна ) треба да испите 6 до 8 чаши вода (околу 1.5 L). Урината може да ја собирате во чисто пластично шише (најдобро
од флаширана вода). Првото утро на собирање на урина, најпрво комплетно испразнете го мочниот меур, ФРЛЕТЕ ја таа урина и забележете го времето.
Собирајте ги СИТЕ примероци на урина во текот на денот и ноќта во пластично шише.
Точно 24 часа од почетокот на собирањето, комплетно испразнете го мочниот меур и целата урина додајте ја на претходната количина. Овој последен примерок ја комплетира Вашата 24 часовна урина.